• Latest

(ВИДЕО) Царовска: Нов систем на образование кои што ги вклучува и почитува сите мора да има

May 6, 2021
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

(ВИДЕО) Царовска: Нов систем на образование кои што ги вклучува и почитува сите мора да има

May 6, 2021 15:41
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Сите бевме сведоци дека со години објавувавме слики на дискриминирачка содржина во учебници, а денеска водиме дебата за тоа каква форма на учебници треба да имаме, при тоа секако зборувајќи за едно законско решение коишто експлицитно превенира внес на ваков тип на содржина во образование, во сите наставни материјали, учебници и целата дидактика“, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска на вчерашната панел-дискусија на ЦИВИЛ  на тема „Недискриминација и мултикултурализам во училиштата.

Она коешто е значајно е дека досега само проектно се дискутирало за овие прашања. Имаме различни типови на проекти, некои од нив дури и грантови, шеми позиционирани во закон, но сепак се само за некои училишта каде што се зборува за мултикултура, интеркултура и недискриминација. Но во новата концепција на основно образование, за прв пат, еден од основните столбови е интеркултурализмот.

„Кога ме прашуваат како може во концепт за образование во почеток да има родова рамноправност, интеркултура и инклузивност, дали тоа е некој граѓански концепт, велам ние сме граѓанска држава, да концептот е граѓански, образование коешто е целосно усогласено со Уставот на државата мора да постои. Затоа што вие не можете да носите закони да ратификувате конвенции за недискриминација, почитување на различностите, инклузивност итн. а притоа да имате во образовниот систем да имате така убави закоравени содржини кои не само што дискриминираат туку и навредуваат, и од друга страна директно создаваат атмосфера за непочитување, не еднаквост помеѓу едни и други групи на ученици и притоа тие научуваат дека треба да живеат во некои паралелни светови наместо во школо да ги научиме да живеат едни со други и да придонесуваат за развој на оваа држава.

Така да, концептот нов за основно образование е во токму во оваа насока. Да создаде услови за учење а притоа да ги научи на основните  граѓански вредности кои се уставно загарантирани. И целата оваа реформа и сите овие дебати кои се случуваат во јавноста не смееме да ги гледаме од аспект на политика или од аспект на закон. Ова се вредносни поместувања кои што се во интерес на почитување на сите групи и затоа битката е толку силна но затоа сме и толку обединети, толку цврсти во идејата дека нов систем на образование кои што ги вклучува и почитува сите мора да има“ истакна Царовска.

Предвидената рамка за имплементација на новата концепција каде што целосно нови содржини и програми се воведуваат е пет до шест години, од прво до деветто одделение. Одиме етапно, оваа учебна година 2021/2022 одиме во прво и четврто одделение, и така сукцесивно секоја година додаваме одделенија дополнителни, за да може во период од 5 години да достигнеме целосна трансформација, притоа тоа значи и осовременување на наставниот кадар и дополнителни обуки, но исто така нови материјали и опремување на училиштата за целата оваа концепција биде пропратена со подобра атмосфера за учење и стандарди во училиштата.

„Веќе два учебника кои имаа навредлива содржина, едниот во однос на жените, другиот во врска со една етничка група, Албанците во нашата држава, ние ги повлековме и тоа е покажување на волја нешто да се смени. Но системското решение е во законот за учебници, каде за прв пат се поставува филтер за проверка на тоа што е напишано внатре низ очила на недискриминација, човекови права и интеркултура. Мислам дека тоа е тоа решение кое ни е потребно, ама веднаш по поминувањето на тој закон, сите наредни содржини веќе нема да можат да имаат таква содржина, или ќе има дополнителен преглед низ очила на недискриминација, а се што ќе се забележи, ние и сега покажуваме дека ги повлекуваме тие учебници, правиме дидактички прирачници и се учи по нив, со цел тие учебници веќе да не бидат во употреба. Многу е значајно да се работи на обука на наставниот кадар, бидејќи и да го тргнете ученикот, тие продолжуваат со употреба, не на самиот учебник бидејќи е тоа забрането, но сепак истите тези се обидуваат да ги протнат во нивните предавања. Мислам дека имаме еден долг процес на рехабилитација и модернизација на нашето образование, а со тоа и создавање на ненасилно интеркултурно општество.“ додаде министерката.

„Навистина би сакале да имаме конструктивна опозиција, но гледате дека нашата опозиција е прилично прво не фокусирана на значајни државнички прашања, а од друга страна е во една негаторска фаза, веројатно ќе мораат во некој момент да излезат затоа што едно е да викате само „ не не не“ друго е да имате конструктивен дијалог. Јас морам да истакнам дека во мојот кабинет имам од различни политички партии бидејќи сметам дека тие се луѓето и тие сме луѓето што живееме во една држава и едноставно во еден момент мора да работиме заедно ако сакаме сето ова да пркне напред.

Тоа што вознемирува, еве го гледам и Бленди, користат формулации кои се кованици на луѓе кои се исто во негаторска фаза. За да можете оваа реформа да ја споредите со Кембриџ, треба ништо да не знаете што се случувало во времето на Кембриџ, а и да не сте живееле веројатно под режим. Имаше време кое што сите убаво го памтиме, шест до седум години немање дебата за ништо и носење на закони во 12 по полноќ на 31 декември, за да ниту некој знае ниту некој чуе ниту некаде да се пренесе. Дебата за образование не памтам во последниве 15 години, но нема дебата за тоа какво образование ни треба. Кембриџ се воведе насилно, не само што се воведе, тоа немаше врска со реформа затоа што кога реформирате образование не можете да ги фатите само природните науки, жално но не можете, мора да го имате целиот пакет. Ова е прва реформа што се случува и јас сум многу среќна што дебатираме. Дали ќе имаме национален консензус зависи од сите страни. Нашата страна е конструктивна, и голем дел од забелешките од конструктивната јавност се прифатија. Првичната концепција ако ја прочитате со последната концепција ги содржи сите оние потребни работи на конструктивната јавност што беа сугерирани за да имаме подолг век, но и да се покаже ширина дека ова не е нешто што го смислиле петмина, напротив, преширока беше консултацијата и се дебатираше за нејзе. Така да многу е значајно кога оценуваме процес или политика да не користиме кованица на злите јазици и оние кои никогаш не знаеле да дебатираат и дискутираат и за ништо не дискутирале и дебатирале, денеска да објаснуваат што значи широка дебата.

Сите чинители се вклучени во сите процеси, но тоа не значи дека треба сите да се согласат во конечната верзија. Нема ниедна држава во која што се прифаќаат сите до последен коментар, во најголем дел се земаат во предвид и се интегрираат, но има работи кои остануваат надвор од таа политика затоа што се сметаат можеби за не спроведливи или несоодветни, но важно е да се случува дебата. Колку ќе биде издржливоста зависи од сите нас. Нема вечна политика, нема вечен закон, ништо не е исклесано никаде. Но треба да се потрудиме да фатиме чекор и да кажеме ако нештото е добро останува, ако нештото е лошо се трга. Затоа што и од претходниот образовен систем не извлековме се и не рековме ништо не чини. И самите ние кога ја презентираме реформата велиме дека имаше добри работи од Кембриџ и тие се земени во програмите, имаше и добри работи од претходно и тие се ставени, но има и современи работи кои низ проекти се виделе добри па и тие се ставени.

Конструктивна опозиција е најважно да се има, но оваа опозиција не покажува волја за конструктивност. Немаа предлог како да изгледаат учебниците, ни какво законско решение за наставниците треба да има, немаат предлог за ништо. Но сметаат дека ова не треба да постои, зошто и ние не знаеме, веројатно сакаат власт но очигледно не знаат што да прават со сопствената власт.

Во своето завршно излагање, министерката напомена дека вакви дебати треба да се случуваат и дека сите треба да научат конструктивно да коментираат политики кои директно не засегаат сите нас, воопшто да не се подлегнува на невистини и секогаш да се обидеме нашето знаење да го преточиме во коментар. Само стручна и конструктивна дебата може да не донесат до подобро општество.

Ирена Крџиќ

монтажа: Ариан Мехмети
камера: Игор Чадиноски
фотографија: Биљана Јордановска

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ