• Latest

(ВИДЕО) Величковски: Местото на македонските граѓани е под евроатлантското сонце

September 16, 2022

Уставен суд не поведе постапка за Правилникот на ДИК

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Илјадници Палестинци бегаат додека израелските трупи навлегуваат во градот Газа, што предизвика широка меѓународна осуда

September 17, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Џејмс Рубин го заврши тридневното сведочење за судењето на поранешните лидери на УЧК; Воведувањето задолжителна воена служба во Србија го враќа стравот кај Албанците во Прешевската долина

September 17, 2025
Претседателот Володимир Зеленски и премиерот на Велика Британија Кир Стармер го потпишаа Стогодишниот договор за партнерство на 16 јануари. Фото: Скриншот од видео на
DD India

Украинскиот парламент го ратификуваше договорот за 100-годишно партнерство со Обединетото Кралство

September 17, 2025

Молдавската полиција заплени милион евра за купување изборни гласови – Русија под сомнеж

September 17, 2025
Photo by Maxim Hopman on Unsplash

Обид за убиство во Струга: Ги тепале со шипки, а потоа пукале со пиштол

September 17, 2025

Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу: Комисијата ги анализира случаите на операција на срце, извештајот ќе биде јавно објавен

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на Гардијан

Видео со Трамп и Епштајн проектирано на замокот Виндзор пред посетата на американскиот претседател, четворица уапсени

September 17, 2025
фото: страница Убијците на Кочани

Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

(ВИДЕО) Величковски: Местото на македонските граѓани е под евроатлантското сонце

September 16, 2022 11:47
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во еден од своите ретки јавни настапи, ексклузивно за Цивил Медиа говори Ивон Величковски, лидерот на Движењето за нова република. Поранешниот прв човек на Либералната партија ги коментира актуелните настани и процеси, антиевропските протести, иницијативата за референдум против Договорот за добрососедство со Бугарија, руското влијание, олигархиите и потребата од редефинирање на системот…

ЦИВИЛ: На 23 ноември 2016 година, лидерот на Либерална партија, Ивон Величковски на конференцијата на Цивил, на прашањето дали може да се очекуваат слободни и фер избори, изјави: „Не може да се очекуваат фер избори, кога граѓаните наместо во МВР, имаат поголема доверба во ЦИВИЛ, па таму ги пријавуваат аномалиите и проблемите со Избирачкиот список и другите злоупотреби и притисоци од власта. Тој беше дециден дека и по изборите, во Македонија ќе продолжи кризата во друга форма…“

Претходно, во мај истата, 2016 година, на јавната дискусија „Политичката криза и плурализмот“ Величковски изјави „Партиите можат да договараат датум само за Ден на дрвото, но не можат да договараат датум за избори“… 

Во меѓувреме, Либералната партија која беше 9 години во опозиција за времето на режимот на Груевски, по падот на тој режим, стивна. Што се случи? Каде беше Либералната партија и што правеше Ивон Величковски во меѓувреме? 

Величковски: Очигледно многу работи сум ги погодил и подобро од што сум посакувал, но за жал времето ги потврди тие проценки кои и денес може да се сметаат за релевантни. На прањето каде е сега партијата, ќе мора да ги прашате тие што се таму, прашање е дали сè уште постои. Мојата политика беше јасна – чист став, чиста политика, не резигнираност, туку цврстина на определбата.

Од денешна призма се гледа која цврстина на политиката останала, која не. Она што беше битно е дека во моментот кога се разидуваат патиштата и кога целта беше да се поддржува Владата на Заев, таа политика не беше моја. Денеска мислам дека сум во право.

На прашањето на претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, дали Величковски се разидол со сите челници на ЛП во тоа време, тој одговара дека дека станува збор за два аспекти.

Величковски: Едниот е дали само сакаме само политика колку да постои одреден формат на политичко организирање и вториот до кои принципи ќе се држиме.

Затоа денеска, како политички лидер на Движењето за нова република, јас седам тука. Иницијативата е продолжување на еден центристички пристап, во кој што градењето на нова република не значи градење на нова партија, туку на нов систем на институции. Станува збор за владеење на правото и борба против корупцијата – сето она што ни недостасува во изминатите 30 години. Разидувањето, слободно може да се каже е разидување кое што ќе го гледате во сите политички партии, и од власта и од опозицијата, раслојувањата кои што се случуваат и во медиумите и во невладиниот сектор, како и во целото општество. Двата основни правци – југословенистички и европски. Јас припаѓам на европскиот, а останатите каде се, сами ќе пронајдат.

ЦИВИЛ: Јулските демонстрации покажаа една грда слика на општеството и политиката? На антиевропските протести им се приклучија и дел од интелектуалците и НВО лидерите кои се промовираат како проевропски а за медиумите и да не говориме. Што се случува со македонското општество?

Величковски: Општеството кај нас сега всушност минува низ катарзата која беше одложена 30 години. Заради тоа се сите овие премрежија низ кои што поминуваме, политички, меедиумски, економски, невладини, финасиски, бидејќи финансискиот систем е всушност тој кој што диктира движење на едно општество низ политичките партии, а потоа низ институциите. Одложената независност на Македонија сега доаѓа по својата наплата.

Триесет години инерција е доволна и сега се забележува кога инерцијата застана, зачмаеноста во сите сфери на политичкото и економското живеење изби на површина.

Сето она што беше сетирано да ја држи југословенска Македонија во живот, полека умира, за среќа, спротивно на волјата на оние кои што ја држеа во таква состојба, европскиот правец на земјата е незапирлив и иверзибилен. Истото се однесува и на нашето членство во НАТО. Двата процеси се избор на граѓаните, а не на партиите. Партиите само се обидуваа да се шлепаат на таа волја. Фактот што самите протести, самата тема на спротивставување изби под точката што македонскиот југословенизам започна да се менува по изворен македонизам во Македонија на оваа генерација и на генерациите што сакаа суверена и самостојна држава во ЕУ и НАТО, самиот тој показател се тие т.н протести. Тие избија т.н спонтано, а воопшто не беше спонтано и пропаднаа во моментот кога политичките партии се обидоа да ги „јавнат“, да ја „јавнат“ темата, лажно да ја претстават, да предизвикаат емоции кои не беа темелени на реални факти и нормално се што е вештачко кратко трае. Тоа беше и со протестите. Затоа тие завршија со трвијални ликови.

Величковски зборува и за референдумот на Мицкоски кој пропадна пред и да започне процесот на неговото организирање.

Тој зборува и за интеграциските процеси – ЕУ, НАТО, Берлински процес, Отворен Балкан, како и за најавената „долга и студена зима“.

Интервјуто го води: Џабир Дерала

Обработка на текст: Дамјан Варошлија
Камера: Дехран Муратов
Монтажа и фотографија: Ариан Мехмети


Погледнете ја и кратката најава за интервјуто со Величковски.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    219 shares
    Share 88 Tweet 55
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ