Настаните покажуваат дека единствениот излез за руските војници е да им се предадат на украинските сили, рече Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во своето редовно ноќно обраќање во четвртокот по полноќ.
„Историјата ја пишуваат луѓе, никогаш дивјаци. Настаните покажуваат дека единствениот излез за руските војници е да им се предадат на украинските сили. Ова е единствената опција која им гарантира живот и став во согласност со сите конвенции“ – рече Зеленски.
Тој се осврна на руските напади врз цивилни цели.
„Нападите врз цели кои немаат никакво воено значење, всушност, погодувајќи стотици илјади обични цивили, е уште една причина зошто Русија ќе загуби. И не само оваа војна, туку самата историја“ – нагласи Зеленски во обраќањето.
Украинскиот претседател им се заблагодари на војниците и на сите што учествуваат во спасувачките операции по руските напади.
„Благодарен сум на сите наши воини! Благодарен сум на сите што учествуваат во спасувачките операции по руските напади. Ќе им одговориме на терористите за секој нивни гнасен чин, за секоја ракета, за секој проектил. Ние сме способни за тоа“ – рече Зеленски.