• Latest
Емилија Целакоска

Виенски стандарди и комплекси

December 22, 2023
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Виенски стандарди и комплекси

December 22, 2023 12:02
in ВЕСТИ, СТАВОВИ
Емилија Целакоска

Емилија Целакоска

Share on FacebookShare on Twitter

ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА

Еден познаник пред десетина години, тазе вратен од Виена, тврдеше правопропорционална врска меѓу модерноста на јавните тоалети и степенот на економски и културен развој. Малку е смешно да се тврди во облик на критериум, ама е теза која понатаму ја слушнав и од други. Претпоставував дека клучната алка во доказот на оваа „теорема“ лежи во некој вид на институционална борба со малограѓанштината. Поточно, не само во напуштањето на изнасилениот и воедно божемен пуританизам – народски што си велиме „искомплексираност“, туку борба со тоа. Не сум сигурна во која насока требаше да се подразбира следството – дали ако јавните тоалети се грозни тогаш си неразвиен или ако си неразвиен тогаш тоалетите се грозни.

Меѓутоа, номосот е јасен дека ова е истиот ефект на „свадбарството“ само во обратна пропорционалност, за скапо славење, обично со нозе спрострени надвор од „чергата“, со задолжителна конзумација на обилни ручеци, свирки итн. Односно конзумацијата (сосе гордоста за неа!) е еднакво претерана, како и игнорирањето на задната страна. Веројатно, додека општеството е културно неразвиено, „тоалетната тема“ нема да влезе во регулација, што ја прави темата силен показател за (не)развиеноста во сите области. Дури и ако се примени обратниот, свадбарски-конзуматорскиот резон заради уживање во ВИП-от, така што блескави тоалети ќе никнат заради идентификување со културно-развиениот урнек од Виена, тезава вели дека тоалетниот критериум е толку силен што тоа веднаш би влијаело добро на економскиот и културниот развој. Критериумот, изгледа работи и на „поединечна“ основа – секоја институција со добар тоалет е веднаш исто толку добра и во сите свои пропишани услуги за граѓаните.

Тотално погрешна симулација на овој резон, всушност, неговата свадбарска обратна инверзија беше употребена за барокизацијата и антиквизацијата. Критериумот, во однос на бели барокни палати и коњовидни споменици, спореден со блескави јавни тоалети, не само што ослабува, туку се инвертира, заради конзуматорската намера за објектите. Конзумирање на „култура“. Барокот во Скопје беше и со нозете далеку од чергата, само заради нечиј его-конструкт, како свадбарската страна на појавата. Половина од граѓаните во суштина ја разбраа работата, а другата половина мрзливо си ја развеличија сами себеси својата малограѓанштина и останаа со отворен клун кон провајдерите на кич-барок и камени фаланги – „дај ми уште од ова, бидејќи твојата продукција е мојата ВИП-идентификација“. Его, никогаш доволна количина за конзумација, а продукцијата на Белата палата е неуморна хранителка со содржини кои инаку би требало да се одлеваат од непишаните блескави јавни тоалети. Така што, аргументот овде ми е – ајде да ја заобиколиме сета едукативна мака за некој што нејќе да се едуцира и да воведеме кристално блескави тоалети во и вон сите институции, со законски одредени екстра високи супер-ВИП стандарди, па така да тргне развојот! Ова можеби е шега, а може и не е – сепак, да не заборавиме дека еден Виенски стандард на јавните тоалети сигурно нема да е доволен ако не е од медиумска миленичка како Белата палата, ете, славините сигурно не да би биле од Сваровски кристали…

Малограѓанскиот архетип со парадоксалната (само)идентификација со некоја доблест, им одзема на вистинските вредности од нивната автентичност, како пиратерија. Ок, вистинската Триумфална капија не трпи особена штета од пиратската верзија овде, оти е во под владение на друга земја. Поважно е за човечките доблести и вредности, бидејќи тие се, некако, заедничко добро, каде и да отидеме. Допирот на „барокниов“ архетип со било која доблест е еднонасочно на штета на доблеста, така што потоа истата е помалку доблест за сите други. Дали дошол момент кога доблестите ним смисловно не им се веќе доблести за да ја црпат смислата од нив за јакнење на сопственото и така отечено его – бидејќи сме скоро пола-пола по прашање на полнење и празнење на нивната смисла? Уште повеќе, како во трагедијата на заедничкото (Тragedy of the commons) – сите сечат, никој не пошумува – дали после толку исцрпување на разни вредности и доблести, сеуште истите општо се подразбираат за вредности и доблести? Или, веќе на доблестите и вредностите им флуктуира значењето?

Оваа главоломка, некои автентични неконформисти, секогаш од либералното јато (не од конзервативните кои по дефиниција се конформирани редовно, бидејќи колку и да инсистираат на ВИП – секогаш доцнат), чисто со опсервација ја „решаваат“ вака: „Па, инвертирани се вредностите и доблестите – ако си вреден и доблесен, тогаш си стока за поткусурување, а ако си никаков, тогаш ќе просперираш“. Ова, не само што не е решение туку и прави дупла штета – ги обесхрабрува „пошумувачите“, а ги охрабрува „сечачите“ во трагедијата на заедничкото. Решението вака се оддалечува од сите, затоа што мејнстримот од малограѓанштина сега има самоисполнувачко пророштво кое комотно си го презема за свое, бидејќи по принцип на „фатете го крадецот“ му одговара самиот да го проширува и на „никаквите“ што сѐ на сѐ би ги подразбирало сите освен него, сѐ освен таа негова ВИП точка! И така, за многу ВИП-точки. Наративот „Не нѐ бива“ така зафаќа резонантна динамика низ целиот простор неограничено, а како таква се стреми да сруши сѐ. Тоа е голема енергија, при што поголемата амлитуда на ставот „не чиниме“, всушност прави подобри услови за живот за „никаквите“, токму како што започнала првичната неконформистичка сила самоисполнувачки да ја „затресува“ жицата!

Трагедијата на заедничкото, за вредностите и доблестите, следствено, се влошува, а заради сферата на дејство, која не е владина, државна и слично, нападот на тие вредности не може институционално да се контролира. Исто така, тие доблести не прават таков финансиски профит кој потоа може, на пример, да се споделува, како мотивација за нивно одржување. Не може ни други економски принципи многу да помогнат, на пример, не може баш да се казни недоблесноста, бидејќи тоа неа ја надградува – од еден сторител стануваат двајца, a ниту може да се ограничи пристапот до недоблесноста. Постоеше, додуша, можност порано, да се примени ограничување на пристап до доблесноста, така што да не може малограѓанскиот архетип ни „по грешка“ да се најде во сериозна институција кадешто се бара професионалност, односно трагедијата на заедничкото се крпеше со оградување на просторот меѓу професионалците и дунстерите, па „пошумувачите“ можеа на раат да ги обноват и зацврстат вредностите. Но, доволно беше тој простор да се загади со неколку непрофесионални „нулти пациенти“ сечачи на шумата, па така денес тој принцип е, или во нокаут во многу институции, или е на стаклени нозе како во научните и образовните институции, практично  во епидемиски модел со подложни/активно заболени/имунизирани. Оградата стана ВИП-лажалка, лепак за муви за малограѓанското натечено его. Груевски е можеби најискомплексираниот примерок на светот за ова. И ене го, сеуште не објавил ништо во „импакт фактор“, но соли памет и за Нобелови награди, да се откорне човек од смеење! Патем, Унгарија има барем 6 светски боксери – златни медалисти и олимпијци. Повторно, талентираниот Груевски, зошто не се потрудил барем со боксот да ја промовира Македонија? Некој медал? Или да чекаме Нобелова награда да освои?

Во сите горни предлози за решение на нашава душевна трагедија на заедничкото, забележлив е „крпачкиот“ пристап, а за ваква еродирачка сила како што е мејнстримувањето на малограѓанштината, потребен е автоматски динамички принцип за секој ден и со придушување на потресните амплитуди. Всушност „тоалетниот критериум“ и целиот тој концепт сосе „свадбарската“ страна, дава идеја дека аспект на влезност-излезност имаат и вредностите и доблестите – примопредајни се. Затоа, зависно од која страна се трошат ресурси и енергија за одржување, соодветно, ја гледаме правата или обратната пропорционалност на ефектот, со цел да ја употребиме за сеопшта добробит. Хибридно-воените пропагандни стратегии, обратно, ја користат во спротивната насока, за растурање на општеството.  Затоа, кога некој инсистира на апсолутни тврдења како „Не чиниме“, автоматски го форсира конзуматорскиот аспект, односно ВИП-потребата за свадбарство сосе пружањето на нозете понатака од својата морална черга, имено никако тој лично не може да го обезбеди тоа „чинење“, далеку е тоа од сите негови можности. Лично изразува дека тој не искусил квалитет, но воедно го претвара тоа во кичерајски барок за конзумација, бидејќи, реално, не може ова тврдење да има апсолутност, секогаш е лично. Некој понатаму тоа го конзумира како „Не чиниме“, па го шири понатака, и така во недоглед, до рушачки резонанс, т.е. распрскан морален банкрот, заради бројност, поединечна многучленост, но никако апсолутност.

Од друга страна, бидејќи имаме работа со „софт-вештини“, може со истата инсентива на имитирање на Виенско ВИП-ство, да стане ВИП-ски да се дисеминираат вистински вредности, доблести, решенија, благодарност, волонтерство итн., а не кичерај од надмености, сезнајаштво, плукање, неосновани жалби за недоволност како пребирливото питачење од државата или од добронамерните, немрдање со прст, итн. Трагедијата на заедничкото е теорија за која е утврдено дека воглавно не се остварува во пракса во разни заедници, поради алтруистичниот мотив. Тој не може да се супресира, бидејќи не зависи од ништо – како инстинкт е. Повторно со рекурзија, полека тоа би довело до реално подобрување, слично како што можеби (ок, сеуште е некако смешно, но ајде) – би работела тезата за блескавите тоалети и развојот на општеството. Се разбира, ова е „сиромашката“ верзија за развој и е на товар на неконформистичкиот мал дел од либералниот камп, но сеедно е динамичкa и ги убива штетните резонантни „фреквенции“ на барокните претерувачи. Таа е во линија на парадигмата за влијание на колективната свест дури и од сосем мал број луѓе, за креирање на ефект на добробит за општеството, со објавен модел и графикони од децениски експерименти на професорот по психологија Дејвид Орме-Џонсон. Овој резултат, всушност, не е контроверзен, бидејќи токму штетните пропагандни техники ги користат истите рекурзии и резонанси кои се врска меѓу претпоставката и заклучокот на овие чудни „теореми“, каква што е и тезата со „тоалетниот критериум“.

Така, не само што е основано да имаме надеж дека ќе доживееме развој на ова општество, туку доволно е само да не ѝ помагаме на хибридната пропаганда против нас, да не го перпетуираме самите нејзиниот наратив против нас, како на пример „Не чиниме за ЕУ“. Кај се сите „лавови“ и „фаланги“, кој тоа не чини?! Зборуваме за некои 0.1% бугарско малцинство кое наводно ќе ги поробело лавовиве и фалангиве. Особено што ова банално исполнување на најнормален Копенхагенски критериум е лесно речиси како мамење на тест, подавање рака од надвор, за спас од трагедијата на заедничкото што веќе нѐ јаде и душевно. Чисто заобиколување на сите маки од погоре и извлекување од мачно учење на грешките од – еден ден – минатото, кое е моментално сегашност. Подадената рака се ЕУ-критериумите во поглавјата и пристапот до соодветните фондови. Не мораме да сме сами, не мора сме затворени со газди кои не знаат да конкурираат на европскиот и светскиот пазар, па нам овде ни опрчуваат монополи и цени. Не мораме да храниме од буџет партии кои нѐ одвлекуваат наназад од добросостојба и просперитет каков што има во ЕУ, затоа што тие самите си предвидуваат дека нема да можат да матат води со ЕУ-критериумите и фондовите! Овие сериозно се за сомневање во НИВНИОТ идентитет!


Текстот е личен став на Авторката. Преземено од Рацин
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ