Денеска на ѕидовите на Парламентот во Будимпешта осамна плакат со фотографија на екс-премиерот Никола Груевски на која пишува „ВИП мигрантот на Орбан“.
Герила акцијата е направена од унгарската опозиција која е се погласна во барањата за објаснување на причините поради кои Орбан штити осуден криминалец.
Денеска во унгарскиот Парламент опозицијата за време на пратеничките прашања побара одговор за постапката за азил на Никола Груевски од државниот секретар во кабинетот на Виктор Орбан, Балаш Орбан, јавуваат унгарските медиуми.
Унгарската опозиција, повикувајќи се на нивниот закон за азил, кој предвидува специјален третман само ако се работи за малолетник без придружба од возрасно лице, бремена жена, самохран родител, жртва на сексуално насилство, личност со инвалидност или друг вид попреченост, побара одговор во која категорија спаѓа Груевски.
Според унгарскиот Државниот секретар, исклучокот за специјален третман е затоа што бил премиер 10 години и дека унгарската Влада не отстапува од тој став.
К. С.