• Latest

Вишокот храна да заврши кај оние кои живеат под прагот на сиромаштија

July 19, 2018
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Вишокот храна да заврши кај оние кои живеат под прагот на сиромаштија

July 19, 2018 13:43
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Храната која се смета за вишок треба да заврши кај семејствата кои не можат да си ја дозволат. Уставот го гарантира правото да им се помогне на граѓаните кои се загрозени. Според податоците, 450.000 илјади граѓани живеат под прагот на сиромаштија, а истовремено се фрлаат околу 10.000 тони храна на годишно ниво во вредност од 12 милиони евра. Потребно е преземање активности за намалување на бројот на сиромашните, за подигнување на свеста за покажување солидарност, со цел тие да добијат оброк. 

Ова го истакна учесниците на јавната расправа на тема „Храната како основно човеково право“, која денеска ја организираше собраниската Постојана анкетна комисија.

Претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, Фадил Зендели рече дека храната е човеково право и грижата за категоријата граѓани кои имаат потреба за храна е обврска на државните институции.

– Храната која се смета како вишок треба да заврши кај сите семејства кои не можат да си ја дозволат. Уставот го гарантира правото да им се помогне на граѓаните кои се загрозени. Имаме уставно право оваа област која се однесува на донирањето храна да ја менаџираме. Во Македонија 445.000 граѓани имаат проблем со обезбедувањето храна, а од друга страна голема количина храна се фрла. Според некои податоци, околу 30 отсто од произведената или увезената храна во Македонија е со поминат рок и завршува во отпад, а не кај оние на кои им е потребна, додаде Зендели.

Заменик-министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар рече дека потребно е преземање конкретни активности на национално и локално ниво за намалување на бројот на сиромашните и гладните, подигнување на свеста на луѓето за да ја покажат својата солидарност и многу повеќе луѓе да добијат оброк, да се здружат државата, граѓанските организации и приватниот сектор за да се даде придонес во намалувањето на бројот на гладни луѓе.

Државниот секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Нефрус Челику истакна дека донацијата на храна има големо влијание на социјалните и економските импликации во борбата против гладта и сиромаштијата.

– Состојбата во Македонија е загрижувачка. Како држава рангирани сме на осмото место во светот по количина на фрлен отпад по жител, а истовремено спаѓаме во групата на пет најранливи земји во ЕУ од климатските промени. Податоците покажуваат дека 450.000 илјади граѓани се под ризик на сиромаштија и глад, а истовремено се флраат околу 10.000 тони храна на годишно ниво во вредност од 12 милиони евра, додаде Челику.

Според него, ова укажува на потребата од преземање акција на сите нивоа во целото општество. Затоа, посочи, Владата во програмата за годинава ја стави активноста за измена на постојните закони и подготовка на ново законско решение за регулирање на донациите храна, а исто така е разгледана можноста за подготовка на план за превенција на отпад и фрлање храна.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски рече во рамки на нивната иницијатива „Оброк за сите“ излегле со јавен повик и ги повикале сите приватни компании, невладини организации…да понудат иновативно решение кое ќе се финансира од страна на Фондот во соработка со МТСП, ќе се примени во практика и ќе биде системско.

Посочи дека наредните неколку недели ќе имаат завршен настан на кој ќе се презентираат петте решенија и ќе се избере едно или повеќе за кои имаат обезбедено финансиски средства со што ќе се обезбеди значително поголем обем на поддршка која државата ќе ја даде на оние на кои имаат потреба.

– Има еден друг поразителен факт, а  тоа е дека државата покрај сите средства кои ги вложува во системот на социјална заштита обезбедува поддршка за само 10 проценти од тие на кои им е потребна. Зборуваме за дистрибутери на храна кои се многу важни, за еден централен систем кој ќе определува каде таа храна е вишок и каде треба да се распредели, како и за големите маркети преку кои таа храна се пласира, рече Деспотовски.

Додаде дека сите овие елементи треба да се вклопат во една платформа за која очекуваат дека по извесен период ќе се финансира сама од себе, а во случај тоа да не може да се случи, државата со парите кои ги вложува во системот ќе може да помогне тоа да функционира. (МИА)

Tags: вишок хранаВлада на Република Македонијајавна расправасиромаштија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ