Според официјалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), на локалните избори 2025 во Северна Македонија гласале вкупно 884.851 избирач, од кои 53.713 гласачки ливчиња се неважечки – што претставува речиси 6,1 проценти од вкупниот број на гласови.
Само во Град Скопје биле евидентирани 12.270 неважечки ливчиња, што е повеќе од една петтина од сите неважечки гласови на ниво на држава. Високиот број повторно го отвора прашањето за изборната едукација на гласачите и функционирањето на изборниот процес.
Во споредба со претходните изборни циклуси, бројот на неважечки ливчиња бележи пораст:
- Локални избори 2017: Вкупно 11.472 неважечки за градоначалници и 13.367 за совет;
Локални избори 2021: Вкупно 37.859 неважечки;
Претседателски избори 2024: Вкупно 24.305 неважечки;
Парламентарни избори 2024: Вкупно 27.127 неважечки.
Трендот укажува дека бројот на неважечки ливчиња континуирано расте, што може да биде резултат на технички грешки, протестно гласање или недоволна информираност на избирачите.
Д.М.