• Latest

Високата провизија на маркетите ги „брка“ домашните органски производители

May 17, 2018

Македонската психолошка опседнатост со Албанците

April 15, 2026
Андриј Сибига

Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

April 15, 2026
Креирано со помош на ВИ

РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

April 15, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

April 15, 2026

Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

April 15, 2026

Кој со Орбан тикви садел…

April 15, 2026
Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

April 15, 2026
Народно собрание на Бугарија (фото: Nikolai Karaneschev, CC BY 3.0)

Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

April 15, 2026
Креирано со помош на ВИ

Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

April 14, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

April 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Андриј Сибига

    Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

    Европа воздивна со олеснување и му ја честита победата на Маѓар

    Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

    (ВИДЕО) Унгарија го слави крајот на Орбан

    🔴 ОРБАН ПАДНА: КРАЈ НА ЕДНА ЕРА

    95 наспроти 11: Драматичен пресврт во Унгарија – ТИСА доминира во изборните единици

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Кој со Орбан тикви садел…

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

    Кој со Орбан тикви садел…

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    Secretary of War Pete Hegseth and Chairman of the Joint Chiefs of Staff U.S. Air Force Gen. Dan Caine conduct a press briefing on Operation Epic Fury at the Pentagon, Washington, D.C., March 31, 2026. (DoW photo by U.S. Navy Petty Officer 1st Class Alexander Kubitza)

    „Бог ја заслужува сета слава“ — Не, г. Хегсет. Не ја заслужува.

    Орбан падна. Кој е следен?

    ЧУВАРИТЕ НА ОРБАНОВАТА ФОТЕЛЈА (3): Ги испука ли Фидес сите куршуми?

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ВЕСТИ

Високата провизија на маркетите ги „брка“ домашните органски производители

May 17, 2018 09:42
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Производителите на органска храна во земјава се жалат дека маркетите им бараат огромна провизија, 4.000 – 5.000 евра, а за штандови треба да платат дополнително. Плус оптоварeни се и од сумата за регистрација на производот што ја налагаат институциите која, исто така, треба да ја подмират.

Од овие причини, велат, засега не им се исплаќа да продаваат дома. Затоа се главно извозно ориентирани. Задоволни се од приходот што го остваруваат надвор, а сертифицирањето не им е проблем, ниту бараниот квалитет и стандард. Дури се подготвени и можат да произведат количество што бара странскиот купувач.

Во однос на продажната цена, нагласуваат, не е многу повисока од онаа на конвенционалните. Побарувачката е солидна, дури и голема, зависно од типот на производот. Но, иако свеста за здрав живот полека се менува и расте, сепак, поголемиот дел од потрошувачите се уште се скептични околу тоа што и дали е органско.

Трговците потврдуваат дека провизијата е висока, а проблемот со продажбата на домашни органски производи го лоцираат во дистрибуцијата. Провизијата, како што објаснуваат, важи за сите производи, од гуми за џвакање и чоколади, до сапуни. Отстапки може да се направат за органските производи, но досега такво нешто од нив не побарал никој.

– Не сме маалска продавница, а комерцијалните услови ги диктираат светските трендови, вели претставник на еден од големите трговски маркети во Скопје.

Дополнува дека земјоделците – производители на органска храна не можат паралелно да бидат и продавачи и комерцијалисти.

Став на производителите

– Мојот прозвод не го продавам во Македонија зашто условите не се баш најдобри. Маркетите бараат влезна провизија од 4.000 – 5.000 евра, за штандови,…, поради што не може да се добие добра цена. Од Агенцијата за храна бараат да се регистрира производот, што исто така се плаќа, а сите знаеме колку е тешко да се произведе органско. Повеќе сум извозоно ориентирана, главно на швајцарскиот пазар. Сега таргет ми се Австрија и Германија, вели Розита Трендафиловска од Куманово, веќе пет години производител на гоџи бери.

Поседува и „органски“ сертификат.

– Приход има. Уште сум во подем, количини немам големи, но не е проблем да се произведат зашто побарувачка има. Јас сум подготвена да одговорам зашто преработката чини пари. Ако немате каде да продадете, која е поената да инвестирате, додава Трендафиловска.

Според Милица Петрушевска, производител на  органски  градинарски култури, она што ја кочи целата е работа се маржите на трговците, дистрибутерите и продавачите.

– Тоа е голем проблем. Профитот се исцедува на друго место, не завршува кај земјоделецот за да се усовршува процесот на производство. Сепак, можам да кажам дека за она што ние го пласираме, цената е разумна. Лани годината беше тешка и затоа тргнавме со производи кои би имале додадена вредност, а тоа значи спакувани, за од нас да бидат директно достапни до потрошувачот. Така очекуваме да се зголеми и обртот и профитот. Едно е рокулата да ја спакувате и од неа за килограм да добиете 300 – 500 денари, а друго да ја продавате како рефус за 110, 120 или 150 денари, објаснува Петрушевска.

Производството на органски градинарски култури, дополнува, е покомплицирано зашто брзо се расипуваат, а треба да се свежи на тезга.

– Ние тоа почнуваме да го правиме, да пакуваме свежи градинарски производи. Побарувачката е добра и во принцип, голема, но постои скепса кон тоа што е органско. Затоа решивме нашите пакувани производи да одат со знак од нашата фирма, потоа и со органскиот знак, како и со информација за сертификатот, а цените се различни, истакнува Петрушевска.

Воедно порачува дека додадената вредност е она што земјоделците треба да го земат во свои раце, наместо да дозволат да оди кај пакувачите и продавачите.

Сточарот Митко Јанков од велешкото село Ораовец, производител на органско јагнешко месо и сирење, напоменува дека во Македонија разлика меѓу органското и конвенционалното нема.

– Купувам поскапа храна за 30 отсто, а цената на јагнето е иста. Не се прави разлика дали е органско или не. За сирењето сум задоволен иако цената е иста со „обичното“, 250 – 300 денари. Немаме доволно ниту за нашиот пазар, а не па за извоз, вели Јанков.

Негова оценка е дека интерес за сточарско производство има, но субвенциите се мали за разлика од оние во соседството. – Србија дава 61 евро по грло овца, а кај нас е срамота да се спомнат 15-те евра. Да не зборувам за европските држави каде субвенциите се 100 евра по овца. Да се стимулира да, ама и да се избегнат манипулациите – од 900.000 овци до 400.000, 500.000 се манипулација, некој зема субвенција, а тие овци ги нема, не постојат, потенцира сточарот.

За Сузана Димитриевска од село Мустафино, најбитно е малите фармери да ги постигнат стандардите за органско производство.

– Најтешкиот дел е да произведете 80 отсто прва класа органски производ. Инвестициите се поголем проблем, другото е решливо зашто компаниите се заинтересирани за откуп на нашите производи, со акцент на вкусот на македонските органски прозводи. Сертификати имаме, но некогаш, за некоја држава е потребен дополнителен сертификат, посочува Димитриевска.

Трговците расположени да им излезат во пресрет на производителите

Маркетите не се против продажбата на органски производи. Прават и сопствени истражувања, што покажале дека тенденцијата на домашните потрошувачи е се поголема.

– Главен проблем со кој се соочуваме е селектирање добавувачи кои би ги задоволиле барањата на маркетот во смисла на тип поризводи, количина,… Едно е што производителите можат да произведат, а друго што можат да понудат. Во целиот процес фали еден сегмент – дистрибуцијата. Потребно е да има земјоделски задруги кои ќе располагаат со листа на органски производители и кои ќе се грижат за продажбата. Еден правен субјект да пристапи за соработка со нас, трговците, велат претставници на маркетите.

Според нив, колку повеќе производителите инвестираат, толку повеќе ќе биде зголемена продажбата на нивниот производ.

Органското производство меѓу приоритетите на владините земјоделски политики

Поддршката за органското земјоделство последниве години е континуирана. Државата ја препознава потребата, но и значењето на овој тип производство.

Oваа година субвенциите за примарното органско производство од 61 милион денари се зголемени на 81 милиона. Поддршката зависно од културата е до 100 отсто повисока од онаа за конвенционалните производи. Зголемени се и субвенциите за развојните категории земјоделски стопанства, од 20 проценти за растително и 10 отсто за сточарско производство кое ги опфаќа и органските производители.  Оваа поддршка, нагласуваат од ресорното Министерство, во периодот што следува ќе расте.

Од Програмата за земјоделство и рурален развој 2018 година се одвоени 11 милиони евра, средства кои (ќе) се инвестираат во хидромелиоративни системи со што и директно, но и индиректно се создаваат подобри услови за органските производители.

– Македонија има многу поволни агроеколошки услови за развој на органското земјоделство. Потрошувачите, пак, стануваат се посвесни за разликите и придобивките што ги носи органското производство, наспроти конвенционалното. Имајќи го тоа на ум, треба да се прашаме во каква насока ќе се движиме во однос на развојот на органското производство. Нашата заложба не е само декларативна. Активно ги следиме трендовите и работиме да бидеме во чекор со времето, вели министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Тој најавува дека кон крајот на овој или почетокот на идниот месец првпат ќе биде објавен оглас за доделување државно земјоделско земјиште за органско производство.

Првпат ќе биде објавен и оглас за доделување државно земјоделско земјиште за производство на органска сточна храна, а ќе биде распишан и нов оглас за неповратни 70 милиони денари поддршка за млади фармери при што предност ќе имаат оние што се занимаваат со органско производство.

Според Николовски, почнува и мапирањето на „органските региони“, а во финална фаза е и регистарот на органски оператори кој ќе обезбеди точни податоци за сите производители од аспект на сертификација, вид култури, локација на производство и планирани количини со што евентуалната манипулација на потрошувачите би била сведена на минимум и тие точно би знаеле од кого и што купуваат.

Се подготвува и новиот национален план за органско производство во чии рамки треба да влезат сите развојни мерки и реформски активности за зголемување на површините.

Паралелно, во соработка со Министерството за здравство се работи на т.н. органско мени за Детската клиника кое во подоцнежна фаза треба да ги опфати и градинките и основните школи.

Државната поддршка да стигне во вистински раце

Производителите ја поздравуваат финансиската поддршка од државата, сметаат дека ќе им помогне за поголема достапност на нивните производи, но очекуваат да стигне во вистински раце за наменски, како што велат, да се искористи.

– Покрај ваков тип поддршка, финансиска, бараме да ни се помогне и во зголемување на асортиманот, да се подобри промоцијата на органската храна пред потрошувачите, како и да се воспостави соработка со трговските ланци кои органската храна треба да ја направат подостапна за купувачите, велат производителите.

Кластер за органска храна и мобилна апликација

На веб страницата на ОПМ има посебен линк „Органски свет“ кој отвора посебна страница само за органска храна. Тука може да се прочита што е органска храна, како да се препознае, но и каде да се најде (купи).

„Органски свет“ води и до мобилната апликација „Органски пат“ која може бесплатно да се симне од Гугл плеј стор. „Органски пат“ овозможува лесно и брзо пребарување информации за тоа каде најблиску може да се купи или консумира органска храна (ресторани, продавници, сместувачки или туристички објекти кои нудат органска храна), како и опција за контактирање на производителите и планирање нивна посета, директно на терен.

Во фаза на регистрација е и Кластерот за органска храна кој веќе функционира. Формиран е годинава и во него членуваат земјделски задруги, граѓански здруженија, производители, сертификациски тела, добавувачи на срдства за заштита – сите чинители во дејноста органско производство.

– Целта е унапредување на соработката меѓу фармерите, бизнис секторот, трговците, преработувачите, на целиот вредносен синџир кој треба да учествува во креирањето политки, мерки за поддршка, пристап до информации, размена на искуства, воведување нови технологии. Тоа е всушност и се она што недостасува во моментов, вели Габриела Мицевска од Програмата за зголемување на пазарната вработливост финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка со чија поддршка е формиран Кластерот.

Деновиве се одржа и првиот состанок на потсекторската група за органско земјоделство во Министерството за земјоделство.

Мирјана Чакарова

(МИА)

Tags: висока провизијаМакедонијамаркетиорганско производствоПрофитуслови
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, вапца јајца (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

    Претседателката вапца јајца

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
  • Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Словенија по изборите: Политички пазари, хибридни закани и рекордна енергетска криза

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ