,Високиот комесар на ОН повика на одговорност за неоправданата употреба на сила од страна на српската полиција на протестите.
Високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Турк повика на прекин на насилството на протестите во Србија, пренесува N1.
Во објава на X, тој исто така повика на почитување на правото на мирно собирање, воздржаност и одговорност за неоправданата употреба на сила од страна на полицијата.
„Мирно решение е единствениот начин да се излезе од оваа тешка ситуација“, рече тој.
М. Д.