Во Женева, каде што се одржува 50-та седница на Советот за човекови права, беа претставени ажурирани податоци за тешката состојба на човековите права и хуманитарната состојба во Мариупол.
Пoдатоците ги презентираше високиот комесар на ОН за човекови права, Мишел Бачелет, јавува дописникот на Укринформ, повикувајќи се на Постојаната мисија на Украина во Канцеларијата на ОН и другите меѓународни организации во Женева.
„Високиот комесар на ОН детално наведе широк спектар на кршења на човековите права и меѓународното хуманитарно право во Мариупол, предизвикани од руската вооружена агресија, степенот на уништување, човечки загуби и страдања“, се наведува во извештајот.
Според Бачелет, локалните жители се борат со ограничениот пристап до основните комунални услуги и социјалните услуги.
Бачелет зборуваше за судбината на украинските бранители кои беа земени како воени заробеници од челичарницата Азовстал со седиште во Мариупол. Постојат наводи за малтретирање, но Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации (ОХХР) не беше во можност да ги процени условите на притвор и третман во отсуство на пристап до заробениците на територијата контролирана од руските вооружени сили и поврзани вооружени групи.
Бачелет ги спомна и руските напади врз драмскиот театар во Мариупол и одделенијата за згрижување деца во болницата бр. 3 и ја повика Русија да ги повлече војниците од Украина.
Подготви: Д.Мишев