• Latest

Високопланинските предели на зашититените подрaчја најмногу на удар на незаконски дејства

October 29, 2021

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Високопланинските предели на зашититените подрaчја најмногу на удар на незаконски дејства

October 29, 2021 10:19
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Според официјалните податоци од институциите, ретки се незаконитите дејства во високопланинските предели на заштитените подрачја, над 1650 метри надморска височона. Сепак, во овие податоци недостасуваат забележани дејствија кои не се формално поднесени до надлежен орган, односно поминале како едукација или предупредување, покажува истражувањето на здружението „Натура МК“.

На пример, како што соопштија од здружението, во полициската евиденција за изминативе десет години се регистрирани само седум кривични пријави за нелегални дејства кои ѝ штетат на природата и се однесуваат за НП Маврово и НП Галичица, а нема ниту еден за СП Вевчански извори, односно Општина Вевчани.

Од тие седум пријави, шест се во пониските делови на заштитените подрачја. Само еден случај на заловена мечка во стапица, во 2016 година на територија на НП Галичица се случувало во високопланинскиот предел на заштитеното подрачје.

Според официјалните податоци, најчесто забележани се бесправна сеча, незаконите лов и бесправно собирање на диви видови во високо-планинските предели.

-Значајна информација се извлече дека граѓаните не можат лесно да препознаат дали одредена активност е незаконита, бидејќи не е видливо дали некој тоа го спроведува со или без дозвола, односно дека правилата во заштитеното подрачје не се познати. И покрај тоа, од интервјуираните лица забележани се нелегален лов, бесправна сеча, оставање отпад, бесправно собирање диви видови, движење надвор од одредена патека, палење оган, водење куче (само за НП „Галичица“). А, можеби како најјасно познатo нелегално дејство е нелегалното преминување на државната граница, поради што со најголема сигурност е забележано бесправно собирање на диви видови од лица од соседна земја, се наведува во извештајот.

Според извештајот, повеќето нелегални активности се случуваат во Зоните на строга заштита, поради што се истакнува и важноста на нивно спречување.

Соработка помеѓу локалното население и субјектите задолжени за управување со заштитените подрачја постои. Сепак, како што се наведува, главен недостаток на пријавувањата кои ги прават посетителите и локалното население до субјектите задолжени за управување со заштитеното подрачје, е тоа што тие не се официјално евидентирани од страна на субјектот задолжен за управување со заштитеното подрачје. Поради овој недостаток, тешко е да се направи анализа за незаконити дејства базирана на податоци, бидејќи податоците или не постојат или се оскудни.

Од интервјуата направени со локалното население кое живее во и околу заштитените подрачја предмет на овој извештај, добар дел пријавуваат незаконити дејства.

-Притоа, тие тоа го вршат на неформален, односно полу-формален начин, преку јавување на телефон на пријател кој работи во субјектот задолжен за управување со заштитеното подрачје. Од страна на субјектите кои се задолжени за управување со заштитеното подрачје забележани се реакции, а понекогаш и повратна информација за увидот кој е направен и дејствата превземени за справување со сторителите. Но, има и случаи кога ништо не е направено по дадената информација за незаконито дејство, понекогаш дури и кога станува збор за дејство која го загрозило животот на посетители на заштитеното подрачје. Локалното население смета дека непревземањето на корективни дејства од страна на одговорните лица од субјектот задолжен за управување со заштитеното подрачје е за да не се замерат со сограѓаните кои се сторители на незаконитите дела, забележуваат од „Натура МК“.

Оттаму посочуваат дека постои и доза на недоверба кон институциите, поради што граѓани неретко одбираат да пријават незаконито дејство во локално здружение на граѓани кои е активно во заштитата на природата, или воопшто да не пријават. Тоа остава простор и потреба за подобрување и зголемување на капацитетот и ефективноста за справување со незаконити дејства кои ѝ штетат на природата на субјектите кои управуваат со заштитените подрачја.

-Намалување на илегалните дејства во заштитените подрачја е важно за зачувување на биодиверзитетот и пределските вредности. Ситуацијата со нелегалните дејства кои и штетат на природата во високопланинските предели на заштитените подрачја е загрижувачка. Најголем број од строго заштитените зони се наоѓаат токму во високопланинските предели на заштитените подрачја и токму таму се случуваат нелегалните активности. Оттаму важноста на адресирањето на ова прашање е од исклучителна важност бидејќи е поврзано со улогата и функцијата на тоа заштитено подрачје, истакнуваат од Натура МК.

Извештајот е подготвен како дел од грантовата шема од програмата „Заштитени подрачја за природата и луѓето II 2019-2022 година“ спроведуван од Светскиот фонд за природа – WWF Adria, а поддржан од Шведската меѓународна агенција за развој и соработка – SIDA.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ