• Latest

Вистиномер: Не е точно дека после секое „прскање од авиони“ расте бројот на позитивни на ковид

September 29, 2021

24 ЧАСА: ДИК – 69 независни кандидати за градоначалници, предизборна прислушувачка пресметка Филипче – Мицкоски, Додик и Вучиќ со пораки до ЕУ преку Путин

September 2, 2025

ДИК: Истече рокот за собирарање потписи – 69 независни каднидати за градоначалници и 68 независни листи за советници

September 2, 2025
Фото: Скриншот од видео на DRM News

Путин се сретна со словачкиот премиер Фицо во Пекинг, ја пофали неговата „независна“ политика

September 2, 2025

Дезинформација е дека имало голема тепачка на состанокот на ДУИ во Чаир

September 2, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

Уапсениот за убиство на поранешниот претседател на украинскиот парламент го призна делото и побара да биде разменет за украински заробеници кои се во Русија

September 2, 2025

Додик и Вучиќ испраќаат пораки до ЕУ преку средбите со Путин

September 2, 2025

Две години затвор за „командант Барути“ за нападот врз Данела Арсовска

September 2, 2025

Прислушувачка битка пред избори: Филипче бара истрага од ОЈО, Мицкоски алармира за удар врз демократијата

September 2, 2025
Фото: Скопје сити мол

„Весела математика“ на ВМРО-ДПМНЕ во обид да прикаже подобрен животен стандард на граѓаните

September 2, 2025
Војникот на Националната гарда на Украина, Владислав Нахорни, преживеал откако руските сили му го пресекле гркланот и го фрлиле во јама, верувајќи дека е мртов. Фото: Скриншот од Suspilne

Украинскиот војник кој преживеа мачење од Русите исчезна од болницата во Днипро

September 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Не е точно дека после секое „прскање од авиони“ расте бројот на позитивни на ковид

September 29, 2021 11:13
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Белата трага што ја оставаат авионите во воздухот се нарекува „контрејл“, односно патека од кондензација. Облаците во форма на линија се произведени од издувните гасови на моторот на авионот и настануваат поради промени во притисокот на воздухот, обично на авиони кои летаат на височина неколку километри над површината на Земјата. Што се однесува до „кемтрејлс“ конспиративните теории, истите досега се повеќепати разоткриени од проверувачите на факти, меѓу кои, чешкиот сервис за проверка на факти, Manipulatori.cz, српскиот сервис Istinomer.rs, како и во повеќе рецензии на „Вистиномер“. Ваквата теорија на заговор е категорично отфрлена од научната заедница, пишува „Вистиномер“ во анализа.

Рецензиран е пост на Фејсбук во којштo преку фотографија од облаци на небото, односно преку една најстандардна, вообичаена фотографија, се промовира теорија на заговор дека некој ги прска граѓаните со отрови. На ваков начин уште еднаш се шири во јавниот дискурс теоријата на заговор за „кемтрејлс“, односно наводни хемиски патеки испуштани од авиони. Ваквата теорија на заговор е категорично отфрлена од научната заедница.

Во постот кој го рецензираме се тврди:

Класичен геоинженеринг, модификација на времето не во насока на заштита на населението туку напротив, во предизвикување поплави, долготрајни суши и екстремни горештини. Оваа слика е од Скопје денес. Скриени се зад многу агенди на ОН, кои овозможуваат непречено заситување на атмосферата со елементи кои подоцна се користат за менаџмент на времето. После секој интензивен кемтрејл имаме и зголемен број на болни од ковид. Обврска ни е да ги прекинеме сите експерименти што се одвиваат над нас, се вели во постот.

Нема никакви докази за наводните хемиски патеки, тие се вообичаени траги кои ги оставаат авионите кои летаат на голема височина под одредени атмосферски услови.

Уште пред пет години (ноември 2016) група од 77 научници објави извештај откако ги прегледа наводните докази дека некои авиони нè прскаат со хемиски супстанци. Од тие 77 научници, 76 изјавија дека не нашле докази за „тајна атмосферска програма од големи размери“. Со други зборови, доказите укажуваат на тоа дека патеките се очекуваниот резултат на авионите што летаат во воздухот.

Белата трага што ја оставаат авионите во воздухот се нарекува „контрејл“, односно патека од кондензација. Облаците во форма на линија се произведени од издувните гасови на моторот на авионот и настануваат поради промени во притисокот на воздухот, обично на авиони кои летаат на височина неколку километри над површината на Земјата. Патеките се составени од вода, во форма на кристали од мраз. Во зависност од температурата и влажноста на воздухот, тие можат да бидат видливи само неколку секунди или минути, или може да опстојуваат со часови и да се шират на неколку километри.

Што се однесува до „кемтрејлс“ конспиративните теории, истите досега се повеќепати разоткриени од проверувачите на факти, меѓу кои, чешкиот сервис за проверка на факти, Manipulatori.cz., српскиот сервис Istinomer.rs , како и во повеќе рецензии на „Вистиномер“.

Згора на тоа, на фотографијата со која се прави обид да се манипулира, нема авион. Фотографирани се природни облаци.

Исто така, ковид-19 постои и е реален, а тоа го потврдуваат секојдневните бројки на заболени луѓе и починати од вирусот. Вирусот беше идентификуван од кинеските власти на 7 јануари 2020 година, по што беше изолиран и неговиот генетски материјал РНК. Тврдењето во постот дека после секое прскање од авиони се зголемува бројот на заразени од ковид-19 е бесмислено, затоа што вирусот се пренесува на растојание помало од два метри преку капките од носот и устата, преку зборување, кашлање, пеење. Не се прска ковид од авиони.

Според истражувачите од Универзитетот Харвард од САД, кои проучувале вакви заговорнички теории, не е најден „ниту еден веродостоен доказ дека „кемтрејлс“ постои“.

Исто така, во врска со оваа тема „Форбс“ објави студија, според која панел од 76 хемичари и научници од Универзитетот Ирвин, Калифорнија, изјавиле дека никогаш не дошле до докази оти постојат големи програми за хемиско прскање од авиони, со цел да се наштети на здравјето на граѓаните и со цел да се влијае на атмосферата.

Поради сето горенаведено постот го оценуваме како невистинит, пишува „Вистиномер“.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • ИНФЛАЦИЈА ЗА СИТЕ – ПРОФИТ ЗА МАЛКУМИНА: Сите лица и наличја на српската и македонската олигархија

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Си Џингпин распосла црвен тепих за Путин и Моди, додека самитот е во сенка на трговските војни со САД

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: Обвинет таткото-насилник кој тепаше малолетни играчи; како ВМРО-ДПМНЕ ја разбира статистиката – експлозивна изјава на Бранимир Јовановиќ; алармантен рекорд на насилството врз новинарите во Србија; оружје за 825 милиони долари од САД за Украина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Има една шега во статистиката – ако доволно ги мачите податоците, тие ќе признаат сѐ што сакате – изгледа ВМРО буквално ја сфатиле

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ