• Latest

Вистиномер: Не е вистина дека починале 3 отсто од вакцинираните со „Фајзер“

December 14, 2021
REAKCII VODA

РЕАКЦИИ: Недостиг на вода и во град и во село – сите ја делат истата мака

July 9, 2025

24 ЧАСА: Извештајот на ЕП усвоен без македонски идентитет и јазик, Мицкоски вели – остануваме горди; Еден повреден, нападнати новинари, приведен газдата на опожарениот отпад во Визбегово, Русија со масовен напад врз Украина по критиките на Трамп кон Путин

July 9, 2025

Во Крива Паланка три пожари, поради ветерот постои опасност да се приближат кон домовите на жителите на населбата Лозаново

July 9, 2025
Фотографија: Wikipedia

Литванија и Финска тргнуваат во масовно производство на мини

July 9, 2025
фото: Влада

Започна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција во вредност од околу 60 милиони евра, Мицкоски вели – стануваме значајна енергетска крстосница

July 9, 2025
фото: МВР

Целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар

July 9, 2025
Фото: ЗНМ

Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

July 9, 2025
Фотографија: Скришот од Би-би-си

Цената на ретките земни метали што светот ги купува од Кина: Загадена вода, контаминирана почва и загрозени животи

July 9, 2025

Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

July 9, 2025

Вајц: Северна Македонија лидер во регионот, за жал, бугарски европратеници го искористија Извештајот за внатрешни потреби

July 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Не е вистина дека починале 3 отсто од вакцинираните со „Фајзер“

Во текстот што се споделува на Фејсбук, погрешно се чита Извештајот на „Фајзер“ за пријавени несакани реакции од вакцините аплицирани до 28 февруари 2021 година. Во Извештајот не се наведува колку вкупно вакцини се аплицирани, туку бројката од 42.086 случаи е само за пријавени негативни ефекти

December 14, 2021 06:30
in ДЕЗИНФО, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, КОВИД-19, МЕДИУМИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Објава на Фејсбук лажно известува дека 3 отсто од оние коишто се вакцинирале против ковид-19 од производителот на вакцини „Фајзер,“ починале како последица од вакцинацијата. Оваа дезинформација е споделена во група на „Фејсбук“, ударно како слика и притоа е линкуван текст во кој се истакнати неколку неточни информации, анализира Вистиномер.

Дали сте знаеле?! Официјална документација од Фајзер: 3% од луѓето кои ја примиле нивната вакцина ПОЧИНАЛЕ како директна последица од истата!!!

Ова е лажно тврдење и се должи на погрешно читање на извештајот на „Фајзер“ за несакани реакции од вакцината. Во текстот се тврди дека станува збор за 42.086 учесници во клиничките студии. Ова не е точно. Извештајот е за пријавени несакани ефекти од вакцини аплицирани до 28 февруари 2021 година. Притоа, во извештајот не се наведува колку вкупно вакцини се аплицирани туку бројката од 42.086 случаи е само за пријавени негативни ефекти.

Во документот се наведува дека „Фајзер“ идентификувал 42.086 извештаи за случаи на несакани настани по вакцинацијата, собрани од извештаи испратени до самиот „Фајзер“ и од националните здравствени власти ширум светот (не само во САД). Од нив, регистрирана била смрт кај 1.223 случаи.

Но, ова не значи дека овие луѓе, кои примиле вакцина на „Фајзер“, починале поради вакцинацијата, како што се тврди. Ова, исто така, не значи дека од аплицирани 42.086 вакцини, починале 1.223 лица, туку дека од пријавени 42.086 несакани ефекти, 1.223 биле случаи со смртен исход. Повеќето од вакцинираните случаи не резултираат со извештај за несакан ефект.

Несаканите настани, што се јавуваат и пријавуваат по вакцинирањето, не се нужно предизвикани од вакцинацијата, вели за „Вистиномер“, доктор Александра Георгиева, претседателка на Здружението на лекари специјализанти. Тоа може да се должи на основна болест или некои други фактори, како што е мината медицинска историја или истовремена терапија со лекови.

Анализата на извештаите за несакани настани (АЕ), подготвени од фармацевтската компанија, не ја одредува причина за смртта на одреден примател на вакцината, туку означува дека нешто повеќе од илјада вакцинирани луѓе починале во првите три месеци по овластувањето за итна употреба на вакцината „Фајзер“ од Администрацијата за храна и лекови (FDA) на 11 декември 2020 година. Post-authorization Adverse Event Reports не укажува дека настанатиот нусефект е предизвикан од лекот, објаснува Георгиева.

На 3 декември 2021 година, Киана Газвини од „Фајзер“ за „Лид Сториес“ (Lead Stories) изјавила дека несаканите настани, кои се потенцијално поврзани со нивната вакцина против ковид-19, ги сфаќаат многу сериозно.

Ние внимателно ги следиме сите такви настани и собираме релевантни информации за да ги споделиме со регулаторните органи. Врз основа на тековните безбедносни прегледи, извршени од „Фајзер“, „Бионтек“ и здравствените власти, нашата вакцина задржува позитивен профил на корист-ризик за превенција од инфекции со ковид-19. До денес милиони луѓе се вакцинирани со нашата вакцина. Важно е да се забележи дека сериозните несакани настани, вклучително и смртните случаи кои не се поврзани со вакцината, за жал, веројатно ќе се појават со слична стапка како што би се случила кај општата популација.

Во Извештајот вклучени се пријавени несакани ефекти од повеќе држави, меѓу кои најбројни се САД, Велика Британија, Германија, Франција, Португалија и Шпанија и помал број во 56 други држави.

Вакцината „Фајзер“ e одобрена од ЕМА и СЗО, две тела кои се  составени од научници и медицински стручњаци кои ги регулираат и одобруваат за употреба сите вакцини, лекови и други медицински производи. Овие тела имаат строги стандарди за одобрување на користењето на сите вакцини и ги одобруваат само оние кои се безбедни и ефикасни. Тоа важи и за вакцините против ковид-19. Кога некоја вакцина е одобрена за користење, ЕМА и СЗО го проверува квалитетот на секоја произведена серија. Исто така, внимателно ги следат извештаите за било какви придружни ефекти, вели доктор Георгиева.

Во САД можните безбедносни проблеми со одобрените вакцини се пријавуваат на системот ВАЕРС. Со ВАЕРС соработуваат Центарот за контрола и превенција на болести (CDC) и Администрацијата за храна и лекови на САД (FDA).

Самата пријава на ВАЕРС не е доказ дека вакцината ја предизвикала смртта. Можно е други болести, состојби, сообраќајки, канцер, итн. – буквално еден куп причини да предизвикаат смрт откако вакцината е администрирана.

Она што е важно да се знае за овој систем, кој често се цитира во разни медиумски написи и постови на социјални мрежи, е дека е пасивен систем за известување. ВАЕРС се потпира на извештаи од здравствени работници, како и од поединци и не е направен да утврди прецизно дали вакцината предизвикала здравствен проблем. ВАЕРС прифаќа извештаи за сите несакани ситуации што се случуваат по вакцинирањето, дури и ако не е јасно дека вакцината го предизвикала проблемот и била причина за смртта. Здравствените работници се должни во овој систем да ги пријавуваат сите смртни случаи кои се случуваат откако некоја личност ќе се вакцинира.

Секој кој има пристап до интернет може да додаде свој инпут во извештај на листа на настани ВАЕРС. Ваквите извештаи имаат линк за јавен пристап до истите и обезбедуваат само неверифицирани забелешки за секој здравствен настан кој луѓето го доживуваат откако ќе бидат вакцинирани. Па оттука произлегува дека самиот список не може да се користи за докажување или квантифицирање, бидејќи се што покажува е хронолошка корелација, а непричинско- последична врска, објаснува Георгиева.

Официјалните податоци на Центарот за контрола и превенција на болести на САД велат дека смрт по вакцинирањето против ковид-19 ретко се случува и дека вакцините се безбедни и ефикасни. Повеќе од 459 милиони дози вакцини за ковид-19 биле администрирани во САД од 14 декември 2020 година до 29 ноември 2021 година. За ова време на ВАЕРС биле пријавени 10.128 смртни случаи (0,0022 отсто) кај луѓето кои примиле вакцина против ковид-19.

Во С. Македонија до Агенцијата за лекови МАЛМЕД досега се пристигнати две пријави од страна на лекари, за сомнежи за смрт по примена вакцина против ковид-19, од вкупно аплицирани 1.694.373 дози вакцини до 27 ноември.

Но и од МАЛМЕД потенцираат дека пријавеното несакано дејство не значи дека настанало од вакцинацијата.

Ако се пријави некое несакано дејство после вакцинација, тоа по дифолт не значи дека е последична реакција на вакцинацијата. Постојат параметри кои треба да се испитаат, како на пример, каков бил профилот на пациентот, од што боледувал, какви лекарства примал. Се прави комплетна обработка за да се докаже дали несаканата реакција, па нека е и смрт, е поврзана со вакцината и нејзината употреба. Имаме две пријави за смртен исход кај 85-годишен пациент и за 53-годишен пациент. Уште не е докажана поврзаност со употребата на вакцините, вели Меријем Хаџихамза, раководителка во МАЛМЕД.

Бројката на смртни случаи, кои наводно се случиле по вакцинирањето, е неспоредлва со бројот на потврдени починати од ковид-19 и на бројот на смртни случаи досега предизвикани од вирусот –  5.324.115 на глобално ниво досега (13.12.2021).

извор: Вистиномер

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ЗНМ

    Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Канта за смет

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Потресни сведоштва од Сребреница: Објавени снимки од првите сведоци на геноцидот

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ