• Latest

Вистиномер: Невистина е дека Шолц и Фон дер Лајен биле понижени при посета на Кина

May 13, 2024
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
Илустрација ВИ

Одѕивот на локалните избори првпат не надминува 50 проценти, најнизок од независноста на земјата

November 3, 2025

Во вториот круг од локалните избори евидентирани се 19.287 неважечки гласачки ливчиња

November 3, 2025
Фото: Телеграм

Најмалку 15 цивили убиени, меѓу кои 11 и 14-годишно дете и уште 20 повредени во руските напади низ Украина во изминатиот ден

November 3, 2025
Скриншот од sec.mk

Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

November 3, 2025
Скриншот од видео на
LiveNOW from FOX

Израел потврди дека Хамас ги врати телата на тројца војници кои беа држени како заложници, осум тела на израелски и странски заложници сé уште се во Газа

November 3, 2025
Фото: Црвена полумесечина на Авганистан / Х

Најмалку 20 загинати во земјотресот со магнитуда од 6,3 степени што го погоди Авганистан

November 3, 2025

Локални избори 2025: Генерално мирен процес со сериозни системски и институционални слабости — прелиминарна оценка на ЦИВИЛ

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Вистиномер: Невистина е дека Шолц и Фон дер Лајен биле понижени при посета на Кина

May 13, 2024 15:44
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на ЕК Фон дер Лајен деновиве не ја посетила Кина, така што не ни можела да помине пасошка контрола заедно со регуларните патници зашто не ѝ бил признаен дипломатскиот статус, како што неточно тврди оваа објава. Германскиот канцелар Шолц навистина беше во  Кина минатиот месец, во посета првенствено фокусирана на затегнатата економска релација меѓу Кина и Германија. Најнапред беше во индустрискиот центар Чонгкин, а потоа и во финансискиот центар Шангај, но тој имаше и средби со кинескиот лидер Кси Џинпинг и премиерот Ли Кианг. За што има извештаи во медиумите, а самиот Шолц на социјалната мрежа Икс објави фотографија од средбата со  Џинпинг. Не е точно ниту дека „Шолц е поставен на функција без никој да го гласа и да го избере“. Toj стана нов канцелар на Германија откако обезбеди мнозинство од 395 од 736 делегатски ливчиња на парламентарното гласање

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

ЕУ и ГЕРМАНИЈА.
Деновиве Урсула Фон дер Лајен ја посети Кина.
Кинезите ја упатиле да чека во ред за пасошка контрола заедно со регуларните патници.
Понижување!
Одбиле да и признаат дипломатски статус.
Зошто?
Затоа што дипломатите доаѓаат од земји, а ЕУ не е земја и нејзините функционери не можат да уживаат дипломатски статус.
Некако во исто време, деновиве, и Олаф Шолц, канцеларот на Германија ја посети Кина.
Него на аеродром го дочека локалниот градоначалник.
Понижување! Зошто?
Затоа што Олаф Шолц, од градоначалник е поставен на функцијата канцелар, функција за која никој не го гласал и не го избрал.
Така мислат Кинезите и така мислат барем 2/3 од светот, кога се во прашање ЕУ и Германија.

Не е точно дека претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен деновиве ја посетила Кина. Деновиве (6 мај 2024 година) таа имаше трилатерална средба со претседателот на Франција, Емануел Макрон и со претседателот на Кина, Kси Џинпинг, ама оваа средба не се одржа во Кина, туку во Париз Франција. Потоа Џинпинг се упати во посета на Србија, а планирана е и негова посета и на Унгарија.

Урсула фон дер Лајен ја посети Народна Република Кина на 7 декември 2023 година и тоа на самит во Пекинг, заедно со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел. За оваа конкретна посета, никаде во ниеден медиум не е објавено дека „била упатена да чека на пасошка контрола со регуларните патници“, ниту пак, дека „не ѝ бил признаен дипломатскиот статус“, како што се тврди во објавата.

Претходно Урсула фон дер Лајен ја посетила Кина во април 2023 година со претседателот на Франција Макрон. Токму од оваа посета за која известуваше тогаш „Политико“, потекнува погрешната интерпретација во објавата дека наводно Урсула фон дер Лајен „чекала во ред на пасошка контрола заедно со регуларните патници“. Во текстот на „Политико“ се опишува како тогаш, во април 2023 година, постоела огромна разлика во начинот на кој кинеските власти се поставиле кон Урсула фон дер Лајен и кон Емануел Макрон кои биле во посета на Кина во исто време. Во дел од текстот на „Политико“ кој се однесува на настан постар од една година, се прави споредба на пречекот на Марон и на Фон дер Лајен, па се вели:

Претседателот на Франција Емануел Макрон доби третман со црвен тепих оваа недела во Пекинг, со државна прослава и поздрави од воена парада и пукање со топови на плоштадот Тиананмен. Кога авионот на Макрон ја допре пистата, лично беше пречекан од министерот за надворешни работи на Кина. Кога претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен пристигна, таа го „доби“ министерот за екологија и редовен патнички излез, пишува во текстот на „Политико“ од 6 април 2023.

Од фотографија објавена на Икс, евидентно е дека тогаш Урсула фон дер Лајен била дочекана од  министерот за екологија Хуанг Ранчу на платформа што наликува на обичен патнички излез. Меѓутоа, тоа не значи дека ја упатиле да чека ред за пасошка контрола заедно со другите патници, како што е наведено во објавата што ја рецензираме, ниту пак, дека „одбиле да ѝ го признаат дипломатскиот статус зашто ЕУ не е земја“.

Со дипломатските мисии на ЕУ раководи European External Actions Service или Европска служба за надворешно дејствување. Иако ЕУ и Европската комисија имаат дипломатски активности предводени од EEAS, тие немаат типичен дипломатски статус, како што би имале како државни претставници на една нација (на пример амбасадорска позиција), согласно Виенска конвенција за дипломатски односи. Без разлика на тоа, обично се договараат дипломатски протоколи за ослободување на високи претставници од стандардните процедури за имиграција. Овие посети обично однапред се координираат помеѓу земјата домаќин и делегацијата во посета за да се обезбеди непречена и сигурна посета. Во случајот на ЕУ делегати, тоа се спроведува со „EU laissez passer“ документот.

Не постои ниедна информација дека ваквиот протокол бил прекршен или променет. Ако претседателката на Европската комисија поминала пасошка контрола со чекање заедно со регуларните патници тоа би било дипломатски скандал кој медиумите би го пренеле, што не се случи. Ниту пак, Урсула фон дер Лајен има споменато вакво нешто на прес-конференцијата пред крајот на посетата.

Германскиот канцелар Олаф Шолц пак, навистина беше во посета на Кина на 14 април, во посета фокусирана на затегнатата економска релација меѓу Кина и Германија. Првата дестинација на Шолц беше индустрискиот центар Чонгкинг каде тој и неговата делегација министри и бизнис лидери беа во посета на компанија делумно финансирана со германски капитал, како и други локации во градот кој претставува производствена база на кинеската автомобилска индустрија и другите индустрии.

Но, освен посетата на овој центар, Шолц, исто така, имаше посета на финансискиот центар Шангај, за време на тридневниот престој, каде во главниот град Пекинг имаше средби со кинескиот лидер Кси Џинпинг и премиерот Ли Кианг.

Следствено, не е точно дека Шолц бил дочекан во Кина само од политичари од понизок ешалон, туку неговата посета беше на високо политичко ниво.

Средбата меѓу Џинпинг и Шолц (16.04.2024) беше медиумски покриена и беше пренесено за што се разговарало на неа.

Се додека двете страни се согласуваат на заемна почит, бараат заеднички јазик и покрај разликите, комуницираат и учат една од друга и постигнуваат вин-вин соработка, дотогаш односите меѓу двете земји ќе продолжат да се развиваат стабилно, му рекол Џинпинг на Шолц, пренесува Еуроактив.

Самиот Шолц на социјалната мрежа Икс објави фотографија од средбата.

Мојот состанок со претседателот Си исто така ќе се фокусира на тоа како можеме повеќе да придонесеме за правда и мир во Украина. Добро е што имаше интензивна размена меѓу нашите влади од мојата последна посета на Кина. Имаме многу теми за разговор, напиша тој.

Не е точно дека „Олаф Шолц е поставен на функција без никој да го гласа и да го избере“. Toj ја наследи Ангела Меркел како нов канцелар на Германија откако обезбеди мнозинство од 395 од 736 делегатски ливчиња на парламентарното гласање.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

Извор: Вистиномер

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ