• Latest

Вкупно 26 заболени од коронавирусот, тројцата новопотврдени се од Скопје

March 17, 2020

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Вкупно 26 заболени од коронавирусот, тројцата новопотврдени се од Скопје

March 17, 2020 14:53
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Со новопотврдените три случаи, во земјава вкупно 26 лица се заболени од коронавирусот. Состојбата на хоспитализираните пациенти е стабилна, вклучително и на жената од Дебар која е приклучена на респиратор. Од вкупно 26-те заболени, 17 се во Скопје, а девет се во Дебар. Очекувано е согласно сите овие епидемиолошки податоци што ги знаеме, движењата на луѓето, бројот на заболени во периодот што доаѓа да се зголемува,  информира попладнево министерот за здравство Венко Филипче.

– Изутрината се тестирани 10 пациенти. Позитивни се тестовите на тројца пациенти кои се тестирале на Клиниката „Жан Митрев“, а нивните резултати се потврдени и на контролното тестирање направено од Институтот за јавно здравје. Станува збор за пациенти од Скопје, еден кој имал симптоми една недела и неговите контакти се мапирани и се прават тестови на неговото семејство, како и двајца сопружници од Скопје кои биле во странство и пред неколку дена се вратиле во земјава. Вчера, член на семејството ги однел материјалите на Клиниката „Жан Митрев“ каде што дале позитивни резултати. Првиот пациент е сместен на Инфективната клиника, а сопружниците се се уште на домашно лекување и во текот на денот ќе бидат префрлени на Клиниката за инфективни болести, рече Филипче.

Посочи дека вчера изутрината имало уште една пациентка, патничка која дошла од Холандија, а денеска веќе се во тек контактите и интервјуата со сите сопатници кои патувале со истиот авион со неа од Виена кој слетал вечерта меѓу 12 и 13 март во Скопје. Филипче рече дека биле контактирани и од Австриската амбасада и ги дале сите потребни информации.

– Капацитетот на Инфективната клиника е целосно спремен. Првиот спрат е четвртина од вкупниот капацитет и се уште не е исполнет, меѓутоа целосно е подготвен и вториот спрат на клиниката да ги прими пациентите за хоспитално лекување, без разлика дали е обична соба или интензивна нега со оглед на тоа што на секоја позиција можат да се стават респираторни машини, затоа што секаде има довод на кислород. Денеска бевме исконтактирани и од Кинеската амбасада и укажаа дека има сериозни шанси да стигне помошта од маски, одела и респиратори, до крајот на неделата ќе добиеме и конкретни информации, потенцира Филипче.

Согласно согласно прашањата што произлегле од вчерашниот ден, а во разговори и договори со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, рече министерот, е одлучено да се зголеми бројот на автобуси во утринските и попладневните часови и преку денот согласно динамиката на патници, заради тоа што имало информации дека заради редуциран број автобуси има поголема група на патници во еден автобус што не е препорачливо.

– Околу 200 лица наши државјани што беа на унгарско-српската граница сега со организиран превоз се очекуваат да дојдат на преминот Деве Баир, од нив најголем број согласно информациите кои ги имаме досега работеле во ризичните региони во Италија, а дел од нив се во Австрија, точните податоци ќе ги регистрираме откако ќе се интервјуираат на влез во нашата земја и сите тие ќе одат во групен карантин во касарната во Пепелиште на Криволак, каде што се обезбедени одлични услови, снабдување со храна, медицинска поддршка за проверка, прегледи и сл. и соодветно обезбедување од полицијата, рече Филипче и додаде дека тим од епидемиолози ќе биде испратен таму.

Епидемијата, појасни, е во силен ек, секоја епидемија има свој тек, има почеток, акцелерација, пик односно врв на кривата и понатаму намалување, спласнување на случаите.

– Очекувано е согласно сите овие епидемиолошки податоци кои ги знаеме, движењата на луѓето, бројот на заболени во периодот кој што доаѓа да се зголемува. Затоа е најбитно да се спречи локалната трансмисија. Преземавме мерки, ги дополнивме, ќе преземаме и понатаму се што треба, се со цел да застанеме на патот на ширењето на инфекцијата. Затоа, останете дома, не се собирајте, не се групирајте, излегувајте само ако имате некоја итност, ограничете го движењето, не контактирајте многу со луѓето, не се задржувајте во маркетите, држете дистанца таму каде што има повеќе луѓе, задолжително одржувајте лична хигиена, често миење на рацете 20 до 30 секунди. Од сите нас зависи, од сите поединци, компании, институции, максимално сериозно мора да пристапиме на ова прашање, Повеќе пати кажав дека ова не е шега, истакна министерот и додаде дека единствениот начин е сите да се однесуваме одговорно.

Посочи дека доколку има потреба ќе ги заоструваат мерките. Апелираше децата и хроничните пациенти да седат дома.

– Мораме да го заштитиме и нашиот здравствен систем заради тоа што искуствата од другите земји покажуваат дека заразата се шири и кога е здравствениот систем оптоварен. Сите овие мерки што ги воведовме ќе доведат до тоа да немаме остар пик, нагло зголемување на бројот на заболени и тоа е главната работа што значи тоа да здравствениот систем може да го апсорбира овој удар, за што сме подготвени со капацитети, опрема, кадар кој е подготвен да ротира по потреба. Сите 200 анестезиолози, 400 медицински сестри, дополнително на оној кадар со кој сега располагаме, согласно намалувањето на нивните редовни програми, сега се подготвени да се вклучат во третманот на ова заболување. Сакаме да ги заштитиме здравствените работници За жал во другите земји има знаци и примери во кои и тие заболуваат, сега е клучно и тие да се здрави заради тоа што тие се столбот на овој здравствен систем, главните даватели на здравствените услуги, додаде Филипче.

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ