• Latest

Влада: Дополнителни мерки за превенција од коронавирусот

March 10, 2020

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025

Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

November 10, 2025
Санкционираниот Кирил Дмитриев, специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка. Скриншот од видео на CNN

Украина воведе нови санкции врз 8 високи функционери на Кремљ и 5 руски пропагандни издавачки куќи

November 10, 2025

Совет на Амбасадори: Членството во Европската Унија е стратешки, политички и безбедносен приоритет на земјата,

November 10, 2025
Скриншот од видео на VNA Media

Три сомнителни дронови забележани над белгиската нуклеарна централа Доел во близина на Антверпен

November 10, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Влада: Дополнителни мерки за превенција од коронавирусот

March 10, 2020 17:36
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на денешната седница донесе дополнителни мерки за превенција од ширење на корона вирусот. Заклучоците со мерките на Владата, меѓу другото предвидуваат прекин на воспитно-образовниот процес во детските градинки, основното, средното и високото образование, забрана за масовни јавни настани и забрана за организираните патувања во високо ризичните земји.

Како што соопшти владиниот Сектор за односи со јавноста, на седницата е разгледана и усвоена информација за статус на прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата национален парк, со препорака до Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) да го издвои како посебна иницијатива предлогот за прогласување на дел од Осоговските планини за заштитено подрачје во категоријата заштитен предел од информативен карактер.

– Согласно информацијата на МЖСПП, Владата им препорача на сите сектори вклучени во подготовката за определување на статусот национален парк (економија, шумарство, ловство, енергетика, транспорт, одбрана, туризам и др.), во рок од 15 дена да го достават своето мислење, по што МЖСПП ќе достави усогласен предлог до Владата на Република Северна Македонија за донесување Одлука за прифатливоста на предлогот за прогласување на дел од Шар Планина во категоријата национален парк, се појаснува во соопштението.

Усвоена е и информацијата за редефинирање на начинот и утврдување на критериумите за наменските и блок дотации за општините која има за цел да обезбеди зголемена фискална автономија на општините за да располагаат со доволно средства за спроведување на пренесените надлежности на ефикасен и ефективен начин, одржувајќи притоа висок степен на фискална дисциплина.

Според информацијата, се предлага системот на финансирање со блок дотации да се заснова на начелото на финансирање на надлежности (функции), а не на институции и во таа насока да се унапреди со воведување систем за воедначување и преземање секторски мерки за зајакнување на секторската (функционална) децентрализација.

На денешната владина седница е разгледана и информацијата за потребата од законска пресметка и исплата на платите и надоместоците на плати на вработените во територијалните противпожарни единици (ТППЕ) во Република Северна Македонија. Во таа насока Владата го задолжи Министерството за локална самоуправа, и ѝ препорача на Заедницата на единиците на локалната самоуправа, заеднички да подготват постапка за подготовка на правилници за исплата на платите и надоместоците на плати на вработените во територијалните противпожарни единици.

На предлог на Министерство за финансии, Владата ја разгледала информацијата за склучување на Меморандум за соработка заради одржување финансиска стабилност, за кој се предлага да го потпишат Народната банка на Република Северна Македонија, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, Агенцијата за супервизија на осигурување, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, и Фондот за осигурување на депозити. Целта на меморандумот е уредување на меѓусебната соработката во следење на состојбите во финансискиот систем, преземањето активности за одржување на неговата стабилност и преземање соодветни макропрудентни мерки.

Согласно Меморандумот, ќе се формира Комитет за финансиска стабилност како меѓу институционално координативно тело и два поткомитети: Поткомитет за следење на системските ризици и предлагање макропрудентни мерки и Поткомитет за подготовка за управување со финансиска криза.

Од другите точки на денешната седница на Владата се издвојува и заклучокот според кој барањето за итно отстапување на 143.000 литри Еуродизел БС гориво, за превоз на ученици од училиштата за средно образование на територијата на Општина Штип до завршување на учебната 2019/2020 година, се упатува до Бирото за јавни набавки со цел да се испочитува формално-правниот аспект на барањето за позитивен одговор на барањето на Општина Штип.

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ