• Latest

Владата го стега ременот

January 24, 2018

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Владата го стега ременот

January 24, 2018 06:58
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Владата, меѓу големиот број мерки, вчера донесе одлука за поригорозни мерки за да се подобри ефикасноста на контролата на трошењето на јавните финансии. Исто така, донесена е и програмата за нејзината работа во оваа година, како и заклучок дека наскоро може да се очекува одлука за тоа дали ќе се гради нов Клинички центар во Скопје.

Службата за информирање соопшти дека откако на почетокот бугарскиот амбасадор ја презентирал програмата за претседавањето со ЕУ, делегација на Банката на Советот на Европа ги презентирала опциите за активирање на изградбата на новиот Клинички центар во Скопје, при што било нагласено дека тоа е еден од најважните приоритети во оваа година, и дека се очекува конечната одлука за најдобрите опции за изградбата да биде донесена наскоро.

Владата ја разгледа и усвои информацијата за состојбите и напредок во процесот на европската интеграција, како и за статусот на користењето и имплементацијата на фондовите од ЕУ за 2018 и  2019 година. Посебно внимание, се вели во владиното соопштение, е посветено на плановите и програмите на ЕЛЕМ, во кои се вклучени и предвидените трошоци за реконструкција на електростатски филтри и за намалување на емисии на прашина во РЕК Битола, како и определбата за развој на капацитети за обновливи енергии, односно изградбата на фотоволтаични електрани и ветерни електрани.

На предлог на Министерство за финансии владата вчера ја усвои и информацијата за Програмата на економски реформи  2018 – 2020 година, како и Годишниот извештај за функционирање на системот на јавна внатрешна финансиска контрола за 2016 година, при што било забележано дека има слабости во работата на внатрешните ревизии и контрола на јавните финансии на централно и локално ниво, и е усвоен заклучок да бидат преземени соодветни и поригорозни мерки за да се подобри ефикасноста на контролата на трошењето на јавните финансии.

Истовремено, Министерството за образование и наука презентираше предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за учебници за основно и средно образование.

Извор:  META

Tags: владајавни паримерки
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ