• Latest

Владата, граѓанските организации, медиумите и експертите заедно за подобра иднина

June 2, 2019
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Владата, граѓанските организации, медиумите и експертите заедно за подобра иднина

June 2, 2019 17:46
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Фокусот на темата на втората панел дискусија од Форумот „Две години Влада – Одговорно пред граѓаните“, беа приоритетите на Владата, за периодот 2019-2020 година. Модератор на панелот беше Џабир Дерала, претседателот на ЦИВИЛ, а на панелот учествуваа премиерот Заев, новинарот Томислам Кежаровски, универзитетската професорка Беса Арифи, граѓанската активистка и претседателка на НВО Амбрела, Љатифа Шиковска, и директорката на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска.

Премиерот Заев изјави дека многу работи се смениле во нашата земја и дека придобивките мораат да ги верификуваат граѓаните.

„Во многу земји се случувале тие придобивки, ќе се почувствуваат и кај нас. Постигнатите економски бројки сè уште граѓаните не ги чувствуваат непосредно, но сами по себе се надеж дека ќе се почувствуваат ефекти ако продолжиме по тој пат. Јас сум премиер кој сака да учи и да слуша. Ако заедно сработиме ќе ги максимизираме ефектите, убеден сум во тоа“, потенцираше премиерот Заев.

Професорката Беса Арифи даде свое видување за идните чекори и приоритети на Владата во следниот период и рече дека во Извештајот на Европската комисија е нотиран значителен напредок во рамки на реализацијата реформскиот процес, во сите области, а посебно во правосудството, разунавачките служби и во јавната администрација.

„Јас сум дел од Советот за следење на реформите во правосудниот систем можам да кажам дека со најголема посветеност се следени сите упатства од сите извештаи и на Прибе и на ЕК при носење на низа закони кои ни ја донесоа ова добра оценка во извештајот на ЕК. Владата, граѓаните, и академскиот сектор, беа партнери во носењето на овие закони. Како општество е важно да го видиме и она што не го пишува во извештајот“, додаде Арифи.

Уранија Пировска зборуваше за потребата од квалитетно спроведување на законските решенија, на реформата во јавната администрација и на враќање на довербата на граѓаните во инситутциите.

„Неспорно е дека оваа влада во изминативе 2 години помина низ крупни процеси за да се отвори патот кон ЕУ и НАТО. Ние како граѓански организации низ комуникација со граѓаните знаеме како функционира јавната администрација. Општа констатација приоритет мора да биде на оваа Влада да ја врати довербата на граѓаните во администрацијата. И мора имплеметацијата да биде висока за да можат граѓаните да почувствуваат ефекти од реформските закони“, рече Пировска.

Љатифа Шиковска зборуваше за очекувањата на ромската заедница од до сега сработеното, за Националата стартегија на Ромите и за новиот закон за социјална помош со кој зе зголемува помошта и опфатот на граѓани чии корисници во најголем дел се припадници на ромската заедница, за кој изрази очекување дека ефикасно ќе се имплементира.

Томислав Кежаровски зборуваше за важноста на слободата на говорот и изразување, потсети на времето кога овие основни човекови права беа загрозени во периодот на владеење на претходната власт, и нагласи дека овие вредности мора да останат во врвот на приоритетите на Владата.

„Правото на слобода на говор е едно од основните човекови права. Без слобода на говор нема слободни луѓе и слободни луѓе. Ова слобода е право на секоја демократија. Преку слободата на говорот може да корегираме она што го прави извршната власт. Новинарите треба да бидат надзор и контрола на власта. Важен е квалитетот и степенот на информирање на граѓаните“, истакна Кежаровски.

Форумот „Две години Влада – одговорно пред граѓаните“, се одржа денеска во во сала Милениум 1, во хотел Холидеј Ин во Скопје, на кој учествуваа премиерот, вицепремиерите, невладините, медиумите, бизнисот и академијата.

Поводот за одржување на овој форум беше одбележувањето на две години од формирањето на Владата на Република Северна Македонија.

Ангела Петровска

Share58TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ