• Latest

Владата ќе ги ограничи маржите во трговијата на мало и големо на 10 проценти, мерка која ќе трае до 30 април

February 12, 2025
Фото: zbruc.eu

Револуцијата на гранит: Првиот украински Мајдан и неговите лекции по 35 години

October 13, 2025

Се финализираат подготовките за Локалните избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

Венецијанската комисија го одложи усвојувањето на оценката на предлог- законот за правична застапеност во Северна Македонија

October 13, 2025

Косово, локални избори: Ниска излезност, втор круг во 17 општини – според Курти, во Митровица имало инженеринг и мешање во изборниот процес

October 13, 2025

АВМУ: Ноќеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за Локалните избори 2025

October 13, 2025
Војо Маневски

Граѓаните прашуваат ли нешто?

October 13, 2025
Скриншот од видео на Sky News Australia

Сите 20 живи заложници во Газа ослободени и предадени на ИДФ

October 13, 2025
Илустрација ВИ

Последна недела од кампањата за локални избори

October 13, 2025
Скриншот од видео на
The Free Press Journal

Најмалку 27 лица убиени во судирите меѓу Хамас и вооружени членови на клан во градот Газа

October 13, 2025
Скриншот од видео на АРТ

Десетици убиени во судирите меѓу Пакистан и Авганистан во најжестоките борби откако Талибанците се вратија на власт

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Владата ќе ги ограничи маржите во трговијата на мало и големо на 10 проценти, мерка која ќе трае до 30 април

February 12, 2025 10:22
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата одлучи да ги ограничи маржите во трговијата на мало на 10 проценти и за исто толку проценти во трговијата на големо. Ограничувањето на маржите ќе трае до 30 април. Ќе бидат опфатени основните прехранбени продукти, детергентите и бебешката храна, изјави портпаролката на Владата, Марија Митева на вчерашната прес конференција.

Според Митева, ваквата одлука е донесена врз основа на извештајот од Државниот пазарен инспекторат кој покажува дека кај трговците на мало утврдено е дека има над 20 проценти маржа на основните прехранбени производи ии над 30 проценти маржа кај средствата за лична хигиена. Кај увозниците дистрибуртери утврдени се повисоки маржи кои одат дури и до 50 проценти.

– Владата го задолжи Министерството за економија да донесе одлука за 10-процентно ограничување на маржата во трговија на мало и за 10 проценти на трговија на големо на основните прехранбени производи на истите 73 групи на производи кои беа во претходните кошници, но истата да се дополни со средства за хигиена како што се детергентите, како и со бебешката храна и други непрехранбени производи кај кои е забележана многу висока маржа, а истите се дел од основните потреби на граѓаните. Очекуваме да бидат вклучени над 100 групи на производи, рече Митева.

Министерството за економија ќе разгледува дали покрај оваа мерка има потреба да се носат и дополнителни кошници. Министерството е задолжено да одржи и итен состанок со сите надлежни институции како што се Државниот пазарен инспекторат, министерствата за финансии и за земјоделство, Комисијата за заштира од конкуренцијата со цел да се разгледаат и други мерки и предлози коишто ќе имаат долгорочно решавање на оваа состојба.

До петок треба да се изврши и контрола кај производителите на млеко и млечни производи и производителите на месо и млечни производи.

Препорака на Владата е маркетите да започнат постапка за транспарентно објавување на цените на нивните производи и нивно редовно ажурирање на дневна основа.

– Целта на оваа препорака е да придонесеме поголема транспарентност од каде граѓаните сами ќе можат да одлучат во кои од маркетите ќе пазарат, да ја видат разликата во цените, а цениме и дека ваквиот пристап кој има карактер на препорака, а не на ограничување ќе придонесе кон некое усогласување на самите цени на производите, рече Митева.

На вчерашната владина седница донесена е и Програмата за заштита на ранливи потрошувачки на енергија со која се која предвидува лицата кои ги исполнуваат условите, да се стекнат со намалување на мечесна сметка за потрошена електрична енергија за илјада денари во рок од 12 месеци.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ