Владата на Косово ја замени одлуката за забрана за увоз на стоки од Србија со зголемена контрола, изјави на 7 октомври косовскиот премиер Албин Курти, објави РСЕ.
„До пристигнувањето на скенерите, ќе дозволиме да влезе стока само на (премин) Мердаре бидејќи безбедносната ситуација не е променета“, рече Курти.
Курти рече дека очекува САД и ЕУ да му помогнат на Косово да обезбеди скенери кои ќе бидат инсталирани на сите гранични премини за да се осигура дека стоката што влегува од Србија не претставува безбедносен ризик за Косово.
Тој го повтори ставот дека тие мерки никогаш не биле економски туку безбедносни.
Одлуката на Владата на Косово да ја укине забраната за увоз на стоки од Србија доаѓа по притисокот од Германија, која инсистираше дека тоа му штети на Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) и на Берлинскиот процес, иницијатива која има за цел да им помогне на економски развој на шесте земји од Западен Балкан и нивно приближување кон Европската Унија.
ФОТО Архива