Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека се подготвува есенска кошничка со производи кои граѓаните највеќе ги употребуваат, но како што најави, ќе има и пролетна кошничка.
Одговорајќи на новинарски прашања по работилницата за проширување на позитивната листа лекови, Мицкоски истакна дека полека, но сигурно цените се стабилизираа.
„Ќе имаме предновогодишна кошничка, есенска кошничка во која ќе има своевиден избор на производи што се најупотребувани во тој период од годината, ќе имаме пролетна, итн. Во зависност од тоа какви се потребите на граѓаните, во зависност од тоа што најмногу се троши ќе го следиме процесот и нема да дозволиме да ни се случи повторно висока стапка на инфлација со што ќе се влијае негативно на стандардот на граѓаните. Значи, полека, но сигурно цените се стабилизираа и сакам да кажам дека во периодот што следи ќе продолжиме да се грижиме за стандардот на граѓаните“, изјави Мицкоски. потенцира премиерот.
Тој се уште не ги добил, како што рече, писмата од коморите во однос на Законот за нефер трговски
Во однос на Законот за нефер трговски практики, пак, напомена дека Владата ќе му излезе во пресрет на стопанството доколку тоа побара одреден период за прилагодување.
-Писмата, за жал, се уште ги немам добиено. Од она што можам да го добијам како информација од Стопанската комора е дека таму има, би рекол, своевидно разногласие меѓу трговските ланци, трговците и производителите. Инаку, Законот е тој. Доколку Стопанската комора побара официјално од нас како Влада недела, две, три, пет, колку им се потребни за усогласување, не гледам причина зошто тоа да не се случи“, рече Мицкоски, пренесе МИА.