На синоќешната седница Владата го разгледа и утврди Предлог-законот за бесплатна правна помош и измените и дополнувањата на Законот за електронско управување. Законите ќе бидат доставени до Собранието за натамошна постапка.
Со Предлог-законот за бесплатна правна помош се уредуваат општите правила за обезбедување на бесплатната правна помош, а негова цел е да се овозможи и унапреди правото на физичките лица на пристап до правдата и правичната судска заштита преку обезбедување финансиска поддршка од страна на државата.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.