Иако веќе неколку недели се вози по новиот автопат Миладиновци – Штип, свечената церемонија по повод пуштањето на автопатот ќе се одржи утре, соопштија од Владата.
„Ве известуваме дека во сабота (6.7.2019) со почеток во 11:00 часот, во паркингот на хотел „Овче Поле“ во Свети Николе, ќе се одржи церемонија по повод официјалното пуштање во употреба на автопатот Миладиновци – Свети Николе – Штип.
На настанот, свои обраќања ќе имаат претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов и амбасадорката на Народна Република Кина, Јин Лисјен“, изјавија од Владата.