• Latest

Владата во следниве денови ќе ја разгледува Предлог – иницијативата за уставни измени

May 29, 2023

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР (1): Есента, градовите и нашиот живот

November 14, 2026

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Владата во следниве денови ќе ја разгледува Предлог – иницијативата за уставни измени

May 29, 2023 12:24
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од денеска, според најавата на премиерот Димитар Ковачевски, Владата ќе ја разгледува Предлог – иницијативата за уставни измени изработена од страна на работната група. Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, пак, кажа дека текстот е проследен до Министерството за правда и во наредниот период дискусијата допрва треба да се развие.

Работната група на седница во петокот ја усвои Предлог – иницијативата за потребата од измени на Уставот со насоки за негово изменување и дополнување.

Претседателката на работната група Маргарита Цаца Николовска изјави дека се предлага промените да бидат во делот на Преамбулата со тоа што „после бошњачкиот народ се додаваат зборовите: бугарски народ, хрватски народ, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ“. Втората измена е во делот за дијаспората и во амандманот 34 кој е заменет со член 49 и амандманот 2, пренесе МИА.

-Во овој амандман на Уставот на Република Северна Македонија со кој се заменува членот 49 и амандманот 2, после бошњачкиот народ се додаваат зборовите бугарски народ, хрватски, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ, рече Николовска.

Има измена и во Комитетот за односи меѓу заедниците заради тоа што сега се јавуваат поголем број народи кои можат да продуцираат поголем број пратеници и да има пратеници во Комитетот на заедници.

-Тука е бројот 43, запазен е паритетот, со тоа што по 16 члена од редовите на пратениците во Собранието од редовите на Албанците и Македонците, по еден од редот на пратениците во Преамбулата, со тоа што доколку некоја од заедниците нема пратеници, тогаш останува Народниот правобранител по консултации со релевентните претставници на тие заедници да предллжи членови на Комитетот, рече Цаца Николовска.

Работната група изготвила и кратко образложение за иницијативата и нејзината основаност и оправданост. Цаца Николовска оцени дека состанокот завршил успешно и рече оти едногласно биле донесени сите одлуки.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска ќе ја посети компанијата „Метро“ лоцирана во индустриската зона Ќојлија.

Премиерот Ковачевски во саботата изјави дека Предлог-иницијативата во понеделник односно денеска ќе биде во архивата на Владата и дека потоа ќе се најде на седница на Владата.

– Владата ќе го разгледа со големо внимание со оглед на тоа дека во подготвувањето на предлогот учествуваа професори по уставно право, професори по сродни права на уставното право, претставници од практиката на уставното право и претставници на политички партии. Потоа согласно процедурата откако Владата ќе го разгледа и усвои ќе го достави до Собранието бидејќи ова е во моментов најзначаен процес во државата, изјави Ковачевски.

Запрашан за тоа дали албанските партии ќе го поддржат предлогот имајќи го предвид нивното барање за бришење на „20 отсто“ од Уставот и да биде напишано албански јазик, Ковачевски рече дека верува оти не само тие, туку и сите партии во Собранието ќе го поддржат предлогот.

– Многу јасни пораки дојдоа од сите претставници на ЕУ и на претседатели на држави членки на ЕУ во однос на тоа која е обврската на нашата држава и кои се обврските на ЕУ. Дека ќе биде одржана меѓувладина конференција која што ќе започне со скрининг процесот како и за секоја држава и штом ќе ги направиме уставните измени веднаш без закажување ќе се одржи и втората меѓувладина конференција за отворање на поглавјата и на кластерите. Што значи дека имаат преземено свои обврски коишто ги исполнуваат, имаме преземено ние наша обврска која што треба да ја исполниме. И затоа верувам дека не само албанските партии, туку сите политички партии и сите пратеници ќе ја поддржат оваа одлука во Собранието, рече Ковачевски.

Целта е, како што потсети, државата да продолжи кон исполнување на својата втора стратешка цел после зачленувањето во НАТО, а тоа е зачленувањето во ЕУ, што не е процес на еден човек и на една партија туку на сите политички партии.

Коментирајќи ги изјавите од ВМРО-ДПМНЕ за тоа дека нема да поддржат уставни измени и за наводна негова оставка, премиерот повтори дека тоа се фикции на лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски, потенцирајќи дека единствен кој кажал дека ќе си поднесе оставка е самиот Мицкоски.

Ковачевски најави дека ќе го покани на средба лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во наредните десетина дена на која би разговарале за носење на одуки за интеграцијата на Северна Македонија и за усогласување на ставовите за односите со соседните земји.

Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека кога станува збор за националните и државни интереси, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е подготвен да разговара во кое било време, но бара да се разговара и за тоа што ќе се прави во периодот по неуспехот на уставните измени.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ