• Latest

Власта ја продолжува „сапуницата“ за базенот во Шуто Оризари

February 14, 2017
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Власта ја продолжува „сапуницата“ за базенот во Шуто Оризари

February 14, 2017 11:32
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Повторно е распишан тендер за изградба на базен во скопската општина Шуто Оризари, откако Агенцијата за млади и спорт (АМС) претходно го поништи тендерот за изведувач на градежните работи, кој беше објавен десет дена пред парламентарните избори на 11-ти декември 2016 година. Проценетата вредност на новиот договор за јавна набавка за изградба на отворениот пливачки базен изнесува 38.135.593,30 денари или преку 600.000 евра, што е за околу 130 илјади евра помалку од претходниот оглас кој важеше до 23-ти декември 2016 година.

ЦИВИЛ Медиа на 27-ми јануари побара одговор од Наташа Смилевска од Агенцијата за млади и спорт, дали е поништен тендерот за изградба на базен во Шуто Оризари. Во телефонскиот разговор, таа кратко ни одговори: „Не е баш така, дека нема да се гради базен во Шуто Оризари. Испратете ни и-мејл и ќе ви одговориме на прашањата“.

По објавениот текст на ЦИВИЛ Медиа на 30-ти јануари: „Неисполнети ветувања: Граѓаните на Шуто Оризари ќе го чекаат базенот до следните избори!“, Агенцијата за млади и спорт на 7-ми февруари распишала нов оглас за доставување на понуди, кој ќе трае до 28-ми февруари 2017 година. Фирмата изведувач ќе треба да го изгради базенот за шест месеци.

Мрежата за заштита од дискриминација остро реагираше на огласот за доделување јавна набавка за изградба на отворен пливачки базен во Општина Шуто Оризари, објавен од Агенцијата за млади и спорт. Тие потсетуваат дека голем дел од општината воопшто нема или има нефункционална канализациона и водоводна мрежа, па во голем дел од годината населението нема вода за пиење и задовоување на секојдневните потреби. Голем дел од општината нема ни асфалтирани патишта и има лоша инфраструктурна мрежа.

„Жителите во Општината се соочуваат со проблеми во пристапот до квалитетна, достапна и навремена здравствена заштита. Имено, на територијата на Шуто Оризари живеат преку 8.000 жени кои се наоѓаат во репродуктивен период, а немаат пристап до матичен гинеколог во својата општина. Покрај тоа, во Шуто Оризари има дефицит од матични доктори – педијатри и патронажни сестри. Најголемиот дел од жителите на Општина Шуто Оризари се соочуваат со егзистенцијални проблеми, живеат во социјален ризик, најчесто се невработени и се корисници на социјална или постојана парична помош“, истакнуваат од Мрежата за заштита од дискриминација.

Оттаму додаваат дека Ромите кои го сочинуваат мнозинството од населението во Шуто Оризари, се секојдневно дискриминирани во пристапот до базените, што е констатирано и утврдено со мислење на Комисијата за заштита од дискриминација, и сметаат дека градењето на базен во Шуто Оризари може да доведе до комплетна сегрегација на Ромите во пристапот до овој тип на јавни добра и услуги.

На 2-ри декември 2016 година, ЦИВИЛ Медиа објави текст за распишаниот тендер на АМС за изградба на базен во Шуто Оризари, во кој се потенцираше дека: „’Градителите’ 24/7, не се предаваат. Ја засипуваат јавноста со нереални ветувања – 24/7. Особено, ранливите и маргинализираните категории, социјално загрозените групи граѓани, како најголемиот дел од Ромите. Немаат исаф ‘преродбениците’, дури и кога ветувањата, како во случајот со ‘комбинираниот’ базен во Шуто Оризари се, најблаго речено, навредливи за жителите на оваа Општина, кои мака мачат како да скрпат крај со крај, како да преживеат…“

Пред речиси една година, на 15-ти февруари 2016-та, ЦИВИЛ Медиа ја објави колумната на Дехран Муратов, по тогашната најава за изградба на базен во Шуто Оризари.

„Оваа идеја би била добра, ако во Шутка нема хроничен недостаток на вода. Во летниот период, жителите на оваа Општина немаат вода ниту за пиење! Затоа, стои прашањето: Како ќе се наполнат базените што ги најави Груевски? Ќе се донесе вода со цистерни? Во перманетната предизборна кампања, редовно се ветува дури и невозможното. Па, така, и ветувањето за базените, може да држи вода. Но, на жителите во Шутка далеку побитна и попотребна им е водата. Онаа, за пиење, за туширање, за перење алишта и садови, вода за подготвување на ручек…“

 

Tags: АМСбазенКомисија зазаштита од дискриминацијаМрежа за заштита од дискриминацијанов огласШуто Оризари
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ