• Latest

Власта и опозицијата и натаму на своите позиции за законот за ЈО

August 6, 2019
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Власта и опозицијата и натаму на своите позиции за законот за ЈО

August 6, 2019 08:21
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нема напредок во разговорите меѓу власта и опозицијата за законот за Јавно обвинителство, но и покрај тоа двете страни се отимисти дека компромис сепак е можен доколку спротивната страна го прифати туѓиот предлог, јавува МИА.

И покрај тоа што работните групи на власта и опозицијата до 15 август паузираат со преговорите за законот за Јавно обвинителство, премиерот Зоран Заев вчера ја повика опозицијата да ги поддржи реформите и го охрабри Јавното обвинителство да продолжи во борбата со криминалот и корупцијата, без разлика до кого ќе стигне низ истрагата за случајот „Рекет“.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, обвини дека на работните средби за законот за обвинителство се забележува чувство на одмазда и атак кон неговата партија.

Премиерот Заев побара од  сите политички субјекти да ги поддржат решенијата со кои, како што рече,  се заокружуваат реформите, за конечен пораз на „заробената држава“, за борбата против криминалот и корупцијата, за општество во кое никој нема да биде привилегиран и амнестиран.

„Огромна е одговорноста кај политичките субјекти во оваа борба за правната држава. Но, најголема одговорност има партијата што и донесе неправда на земјата и Мицкоски како прв човек на таа партија. Знам дека вие, граѓаните сте изморени од политички бојкотирање и одлагања и дека барате одлучни чекори. Затоа јас ќе продолжам уште порешително да ја повикувам и убедувам опозицијата да ги поддржи реформите“, изјави Заев.

Лидерот на опозицијата Мицкоски за иднината на СЈО останува со став, дека предлогот на власта е обид за пресметка со политичките неистомисленици, но е оптимист дека предлозите на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат прифатени.

„Единствената цел во овие неколку месеци е токму непринципиелна и насилна пресметка со опозицијата, но ние како ВМРО-ДПМНЕ имаме принципиелен став, став согласно законите и Уставот во оваа држава, и не се плашиме да елаборираме и да се соочиме со фактите и аргументите од спротивната страна“, рече Мицкоски.

За неговите обвинувања дека Катица Јанева го уценувала, вели не бил повикан да даде исказ во Обвинителство, но за целиот случај „Рекет“, најави дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт, сите инволвирани функционери ќе одговараат.

ВМРО-ДПМНЕ останува на барањето да учествува во изборот на наследник на специјалната јавна обвинителка, а министерката за правда Рената Дескоска смета дека опозицијата промовира неказнивост со сталинистички закон.

Меѓу клучните разлики на двете страни се прашањето за идниот статус на СЈО, на обвинителите, на вработените и на предметите.

За статусот на предметите што се водат од СЈО во моментов, Дескоска рече дека од опозицијата инсистираат да нема одредба во законот која ќе даде надлежност на новото обвинителство да ги гони предметите од прислушуваните материјали.

Опозицијата не се согласува обвинителката Катица Јанева и другите обвинители, како и сите вработени во СЈО по сила на закон да преминат во Обвинителството за борба против организиран криминал, бидејќи се сомневаат дека некои од нив можеби имаат улога во „Рекет“.

Следната средба на работните групи за законот за јавно обвинителство би требало да се одржи после 15 август.

За владиниот Предлог – закон за Јавно обвинителство претседателот на Собранието, Талат Џафери закажа седница на 27 август.

Предлог-законот, за кој е потребно двотретинско мнозинство е со европско знаменце и ќе се носи по скратена постапк

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ