Специјалното јавно обвинителство и понатаму е пречка меѓу власта и опозицијата. Работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не најдоа заеднички јазик околу обвинителството на Катица Јанева. Опозицијата бара СЈО да ја загуби автономијата и да се вклопи во обвинителството за организиран криминал.
За опозицијата неприфатливо СЈО да не одговара пред никого и само да создава буџет, кој никој од надвор нема да го контролира, истакна Иван Менкиноски кој е претставник на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Министерката Рената Дескоска рече дека за нив е неприфатливо барањето СЈО да биде дел од Обвинителството за организиран криминал, бидејќи според стратешките определби СЈО треба да продолжи како Обвинителство, а не како одделение.
Нова средба за законот за јавно обвинителство ќе има во петок, откако барањата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се преточат во амандмани.