• Latest

Власта не сака транспарентни набавки – укината алатката за следење тендери

August 21, 2024
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Власта не сака транспарентни набавки – укината алатката за следење тендери

August 21, 2024 20:26
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од 2012 година, односно цели 12 години на агрегаторот на вести Тајм.мк функционираше секцијата за јавни набавки, односно сите заинтересирани граѓани преку овој сервис можеа да се информираат кои се најголемите тендери склучени меѓу државните институции и фирмите во последните неколку денови или месеци.

Податоците беа преземани како скрипта од веб-страницата на Електронскиот систем за јавни набавки, а сервисот на Тајм.мк нудеше нешто плус за граѓаните, кое беше од исклучителна важност за аналитичарите, бизнисмените, новинарите – полесно пребарување на податоците, нивно групирање и сумирање.

Па така, на пример, можеше да се дознае колку пари од тендери добила одредена фирма од 2008 година до денеска, колку пари потрошила некоја јавна институција во одреден период, односно на кои фирми им дала тендерите. Оти, како што вели основачот на Тајм.мк, Игор Трајковски, „многу ‘големи риби’ може да не се забележуваат во листата на најголеми тендери, но доколку се соберат сумите на сите нивни добиени тендери ќе се добие големата слика“.

Принтскрин, укинатата алатка за јавни набавки на Тајм.мк

Од вчера, и официјално овој сервис што го нудеше Тајм.мк веќе не постои. Причината за тоа, како што вели Трајковски, е што од Бирото за јавни набавки (БЈН) сметале дека „таквиот пристап го оптеретувал сајтот и не им дозволувал нормално користење на регистрираните корисници“. Биле упатени податоците да ги симнуваат рачно, или да ги пренасочуваат заинтересираните корисници на нивниот сајт.

Трајковски смета дека образложението од Бирото за јавни набавки воопшто не е издржано, односно дека со ова се спречува дистрибуцијата на јавни податоци за јавните набавки кои се всушност пари на даночните обврзници.

„Не може да се зборува за слободен пристап доколку нè ограничуваат како ќе ги пребаруваме резултатите. Моментално воопшто не е возможно автоматски да се
преземаат податоците, во одреден интервал и да се анализираат исто така автоматски. Потребно е човек да клика, што во ова денешно време нема никаква смисла“, вели Трајковски за Мета.мк.

Претходно, податоците се преземале преку следење на листата на најнови склучени договори, и доколку се појавел нов договор, се читале потребните податоци и се внесувале во база на податоци.

„Нормално, сето ова го правеше софтвер/програма која воошто не го оптеретуваше сајтот на БЈН. Само еднаш на час проверуваше дали има нови договори, и доколку има нови, ги отвораше тие договори да ги прочита податоците во нив“, објаснува Трајковски.

Дополнително, вели тој, веб-страницата за електронски набавки нема имплементирано никакви методи на „кеширање“, што е здраворазумска техника како да се направи еден сајт да работи побрзо.

Принтскрин, електронски систем за јавни набавки

„Немаат имплементирано најосновни техники за ефикасност на веб страна. На пример, доколку некој корисник постави некакво пребарување, а на сајтот му се потребни 30 секунди да одговори, и доколку 2 секунди покасно истото барање го постави друг корисник, сајтот наместо да го врати истиот одговор од пред 2 секунди (ако нема ништо ново сменето во базата), тие повторно пресметуваат и пресметуваат 30 секунди за да одговорат“, образложува Трајковски.

Тој вели дека постојат различни начини како да ги направат податоците подостапни за корисниците – вкупната база од сите податоци да ја објават на посебен сервер или на истиот, во .csv формат или ексел, па заинтересираните страни да можат слободно да ги преземаат и анализираат. На ваков начин е направен системот за дистрибуција на податоците за трансакциите на трезорот, „Отворени финансии“.

„Им понудивме неколку решенија, но не се заинтересирани за тоа. Едното е да овозможат пристап на нашите IP адреси за пристап со скрипта, ние би гарантирале дека нема да доаѓаат повеќе од два пристапа во еден час, и дополнителни колку што има нови договори. Нè изигнорираа. Им понудивме да ги постават податоците каде што автоматски ќе може да се преземат, ни на тоа не добивме одговор. Така што очигледно не им е до лесна дистрибуција на јавните податоци, туку сакаат максимално да го отежнат тој процес“, вели Трајковски.

Кој и да е мотивот, со укинувањето на оваа алатка што ја нудеше Тајм, граѓаните остануваат покуси за нешто што треба да е крајно транспарентен и лесно достапен процес – а тоа е да се следи точно каде и како се трошат парите на граѓаните, на еден едноставен начин, а притоа да се добие и поширока слика за евентуални „омилени“ фирми на власта.

Извор: Мета

Tags: алаткавладатендери
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ