• Latest

Власта со апел за обединување и вклучување во пописот, опозицијата бара одложување

March 28, 2021
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ПОПИС

Власта со апел за обединување и вклучување во пописот, опозицијата бара одложување

March 28, 2021 10:53
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПОПИС
Share on FacebookShare on Twitter

На четири дена пред најавениот старт на пописот на населението власта со пораки сите да се обединат и вклучат во процесот, со гаранција дека тој ќе се одвива безбедно. Опозицијата остана на ставот за одложување. Продолжија и повиците за попишување на дијаспората. Преку апликацијата за самопопишување, заклучно со вчера изутрината во осум часот се евидентирани 153 574 лица.

-Успешното спроведување на пописот е од државно значење, бидејќи е клучно во креирањето ефикасни јавни политики за потребите на граѓаните и за развојот на државата, заклучиле на вчерашната средба премиерот Зоран Заев и шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Северна Македонија, во земјите-членки на Европската Унија и во постојаните мисии во ЕУ и во НАТО.

Заев во објава на Фејсбук напиша дека ги повикал нашите амбасадори и претставници во земјите на ЕУ да разговараат со нашите граѓани од дијаспората колку е важно да се попишат. Со тоа тие директно ќе придонесат за подобра македонска иднина, според критериуми, како во сите современи земји во светот, напиша Заев.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, вчера исто така порача дека попишувањето на нашинците во дијаспората ќе овозможи бенефиции пред се за нив.

-Очекувам сите да бидат активни во споделувањето на информации со нашите луѓе во дијаспората за попишувањето, процесот е лесен, а ќе овозможи бенефиции пред се за нив, затоа што точните бројки нас ќе ни ги утврдат приоиритетите за дистрибуирање на нашите дипломатско-конзуларни претставништва, изјави Османи, одговарајќи на новинарско прашање дали е потребен поголем ангажман за информирање на нашата дијаспора во Австралија.

Вицепремиерит за борба против  корупцијата Љупчо Николовски во видеообраќање истакна дека придобивките од пописот се огромни и затоа е потребно обединување, а не бојкотирање на овој процес.

-Целиот процес во услови на пандемија е безбеден, за што се подготвени специјални здравствени протоколи и обуки за попишување, за заштита на здравјето на попишувачите и попишаните, рече Николовски.

Како што изјави министерот за здравство Венко Филипче, веќе се прави план попишувачите да бидат ставени во приоритетните за вакцинирање.

Процесот на нивна вакцинација,  рече тој во телевизиско гостување, може да се организира за два дена.

Од ВМРО-ДПМНЕ  вчера со соопштение  оценија дека „е лудост е да се организира попис во време кога владее пикот на третиот бран на Ковид-19“.

-Лудост е да се организира попис кога Македонија има 3.607 починати лица, а истата бројка секој ден изнесува десетици смртни случаи. Лудост е да се организира попис кога бројката на активни случаи изнесува 17.472, а бројката секојдневно на новозаболени е четирицифрена. Лудост е да се организира попис кога вакцини против Ковид-19 нема, и кога попишувачите не се имунизирани, наведе ВМРО-ДПМНЕ, реагирајќи на соопштение на СДСМ.

Владејачката партија, пак, преку соопштение потенцира дека пописот во април ќе се спроведува со целосно почитување на здравствените протоколи и мерки за заштита од коронавирусот, а здравјето на сите, како на граѓаните, така и на попишувачите ќе биде целосно заштитено, процесот на попишување ќе биде целосно безбеден од здравствен аспект.

-Со оваа најмасовна и најсложена статистичка операција, ќе се добијат целосни, релевантни и сеопфатни податоци за структурата на населението, на домаќинствата и становите, кои се од особена важност за државата, институциите, општините, но и за бизнис секторот и граѓанските организации, порачаа од СДСМ.

Од партијата ги повикаа граѓаните да не подлегнуваат на манипулациите и повиците за бојкот на оваа важна статистичка операција. -Бојкотот на пописот е кривично дело, постапка која не носи ништо добро за никого, чин што предизвикува штета на државните и национални интереси, истакнаа вчера СДСМ.

Лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, пак, вчера побара власта да направи анализа и да го одложи пописот најмалку до јуни или на неопределено време, како и да се обезбеди политички консензус за времето на одржувањето, а во меѓувреме попишувачите да се вакцинираат.

-Демократскиот сојуз предлага одложување на пописот поради тоа што: се влошува епидемиолошката состојба, вирусот се шири, има голем број на заразени, здравствените капацитети се исполнети, со имунизацијата се касни (нема вакцини), иселениците, Македонци досега не се попишаа, голем број на граѓани најавуваат дека нема да ги примат попишувачите во своите домови, опозициските партии од македонскиот блок бараат одложување или негово бојкотирање. Сето ова укажува дека пописот нема да биде успешен, а резултатите ќе дадат искривена слика на состојбите, посебно на оние за вкупниот број на населението и нивната етничка припадност, велат од ДС.

Пописот на населението, домаќинствата и становите треба да се одржи од 1  до 21 април, а во тој период продолжува и самопопишувањето на дијаспората.

Извор: МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ