• Latest

Власта уверува дека се е подготвено за пописот, ВМРО-ДПМНЕ бара пописот да биде електронски

August 27, 2021
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ПОПИС

Власта уверува дека се е подготвено за пописот, ВМРО-ДПМНЕ бара пописот да биде електронски

August 27, 2021 09:59
in ВЕСТИ, ПОПИС
Share on FacebookShare on Twitter

Се е подготвено за спроведување на пописот. Државата има капацитет и ќе ја реализира оваа исклучително важна статистичка операција. Обезбедени се комплетните мерки, екипирани се и попишувачите. Ова е ставот на Владата, наспроти предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ пописот да биде електронски поради актуелната епидемиолошка ситуација.

Премиерот Зоран Заев вчера уште еднаш апелира на сериозност. Потсети дека 20 години во земјава не е направен попис. Попис мора и ќе има, порача Заев. Веднаш следуваше реакција од ВМРО-ДПМНЕ. Партијата ја обвини Владата за аматеризам во однос на тоа како ја води целата операција околу пописот. Воедно апелира Заев и Државниот завод за статистика (ДЗС) да се договорат дали има доволно попишувачи.

-Првата седница на Парлемантот е на 14 септември, а пописот почнува на 5-ти. Апелирам да бидеме сериозни. Дваесет години немаме попис. Попис има, мора и ќе има. По 20 години што сме? Држава, нација? Мора да има попис. Се е подготвено и драго ми е што нашата земја конечно покажува капацитет да спроведе ваква статистичка операција која значи фер, рамноправност, еднаквост во распределбата на економските ресурси, во правото на развојот и во квалитетот на живот за граѓаните. Многу е важно да се спроведе пописот, рече Заев.

Премиерот напомена и дека пописот е олеснет со електронската база на податоци од кои голем дел ќе бидат само проверени.

-Зоран Заев, Владата што ја води и ДЗС нека се договорат има или нема доволно попишувачи, а потоа да не го загрозуваат здравјето на граѓаните и да прифатат електронски попис. Во само 24 часа имаме два различни става, првин ДЗС и Владата велат дека немало доволно попишувачи, а потоа Заев излегува и вели дека има. Аматеризмот со кој Владата ја води целата операција околу пописот покажува дека целосно несериозно ја водат државата и дури и оваа најзначајна статистичка операција како што е пописот се спремни да ја компромитираат, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Време е, потенцира ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ да не се инаети и да гледа кон работите разумно за доброто на граѓаните.

-ВМРО-ДПМНЕ нуди предлог-излезно решение од калта во која власта сама се заглави. Доколку има проблем со попишувачите, кој очигледно го има, но и поради се поголемиот замав на четвртиот КОВИД бран од кој гледаме дека секојдневно се заразуваат и над 1000 луѓе, а по 20-тина умираат, потребно е спроведување електронски попис, како ќе се спречи евентуален неуспех на пописот, истакнаа од опозициската партија.

Пописот на населението, домаќинствата и становите треба да почне на 5 септември, а ќе трае до 30 септември. Подготвителните активности се целосно завршени. ДЗС, вели директорот Апостол Симовски, е целосно подготвен за најголемата и најзначајна статистичка операција. Симовски нагласува и дека при спроведувањето на пописот, максимално ќе се почитуваат КОВИД протоколите. Тој е задоволен од пријавениот број попишувачи и очекува комплетна покриеност на терен. Владата во меѓувреме наложи, времено ангажираните во државните институции да се стават на располагање за пописот, ако се оцени дека за тоа има потреба.

И директорот на ДЗС, Симовски го отфрли како невозможен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за спроведување електронски попис. Сега, според него, ниту може, ниту се размислува за менување на методологијата која е донесена со Закон, објавена во Службен весник и одобрена од Евростат.

Со политички договор поради пандемијата со КОВИД-19 пописот, кој првично беше закажан за април годинава беше одложен за септември.

Собранието со 95 гласа „за“ и 12 „против“ на 2 април годинава го донесе по скратена постапка Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година со што пописот и формално беше одложен за 5 до 30 септември.

Одложувањето на пописот, заедно со воведувањето на отисок од прст и одложувањето на локалните избори за октомври годинава, беа дел од договорот на средбата меѓу лидерите на двете најголеми партии во земјата премиерот Зоран Заев од СДСМ и Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ, додека со поддршка подоцна излезе и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ