Потребно е да се задржат програмските определби кои добија поддршка од граѓаните, било заклучено на работната средба помеѓу работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Вреди, што се одржуваше попладнево во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, при таквото раководење на идниот владин состав да се запазат договорените принципи на делување, силно динамизирање на ЕУ интеграции, бескрупулозна борба против корупцијата и криминалот и економски реформи за повисок животен стандард.
На работната средба, како што посочуваат ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение, било договорено дека разговорите во позитивен дух ќе продолжат и во наредниот период.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателите и првите луѓе од партиите од Коалицијата Вреди Изет Меџити, Африм Гаши и Арбен Таравари имаа средба во саботата во седиштето на коалицијата Вреди кога и официјално почнаа разговорите за формирање влада.
Мицкоски: Стигнавме до 61 пратеник
„Твоја Македонија“, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, победникот на парламентарните избори, сега на своја страна има 61 пратенички мандат. Ова денеска попладне го изјави лидерот на партијата и иден мандатар Христијан Мицкоски, пренесува Глас на Америка.
Мицкоски тврди дека има мнозинство во Собранието.
„Твоја Македонија“, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, победникот на парламентарните избори, сега на своја страна има 61 пратенички мандат. Ова денеска попладне го изјави лидерот на партијата и иден мандатар. Мицкоски тврди дека има мнозинство во Собранието.
„Можам да кажам дека како ВМРО-ДПМНЕ и коалиција `Твоја Македонија` ги завршуваме разговорите со неколку пратеници кои не се дел од оваа коалиција. Успешно консолидиравме 61 пратеник. Не можам да зборам за тоа кои се тие дополнителни 3 пратеници. Како коалиција `Твоја Македонија`, покрај 58 пратеници, ќе имаме точно 61 пратеник, но тоа нема да не повлече од идните разговори со коалиција `Влен“, изјави Мицкоски.
Заедно, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „ВЛЕН“ по изборите имаат 71 пратенички мандат – ситуација, која по денешната објава на Мицкоски, најверојатно ќе се менува.
Засега, неизвесно е дали и „ЗНАМ“ на Максим Димитриевски ќе биде дел од новото парламентарно мнозинство.
Н.Абдурахмани