Хипокризијата кај СДС е се поизразена, наутро сеат страв, навечер прават журки во парк, во меѓувреме се занимаваат со специјалноста палење депонии, одговорност ќе има, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ без да приложат докази и аргументи.
– Палењето пожари, предизвикувањето еколошка катастрофа во овој момент има назив, тоа е групација од СДС и ДУИ. Справувањето од страна на надлежните со пожарите летово беше евидентно, па некој од групацијата СДС-ДУИ очигледно одлучи да се поигрува со граѓаните и да потпалува депонии, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Во вчерашната вонредна прес конференција и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски истскнал дека ниту Господ не може да го убеди дека случајно има 4 пожари во изминатите неколку дена.
Првиот човевек на ДЗС, Стојанче Ангелов нагласи дека има хибриден напад и дека има неофицијално сознанија дека одредени лица земале пари за да ја запалат дивата депонија Вардариште.
Од СДСМ побараа институциите итно да излезат со точни податоци дали и колку е загаден воздухот во и околината на Трубарево. Додавата дека страшен е молкот и доцнењето во препораките, особено од здравствените власти.
– Крајно неодговорно, наместо решенија, одговорните да измислуваат приказни за хибридни напади, политички потпалени пожари и слично. Ова е надвор од секој здрав разум, наместо решенија, се нудат политички оправдувања и спинови, истакна лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
Д. Муратов