• Latest

ВМРО-ДПМНЕ: Работиме макотрпно и чесно, Мицкоски ги исполнува очекувањата на граѓаните

April 30, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
Фото: Фејсбук на Данела Арсовска

Условна казна затвор од две години за нападот врз Арсовска во Чаир, обвинетиот Нурадини покажа каење

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Работиме макотрпно и чесно, Мицкоски ги исполнува очекувањата на граѓаните

April 30, 2025 10:50
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ВМРО-ДПМНЕ, како предводник на институциите на системот, за нецела година покажа и докажа како се работи макотрпно, чесно и достоинствено во интерес на граѓаните. Ова го велат од партијата преку соопштение за јавноста.

– ВМРО-ДПМНЕ ја презема одговорноста да ја води Владата во исклучително лоша состојба оставена од претходното владино раководство, СДС остави пустош во државата во секоја област. Следеше интензивна и макотрпна работа, се запре слободниот пад на економијата и користејќи ги сите расположливи ресурси, почна нејзиното заживување, се зголемуваа платите и пензиите, а странските директни инвестиции на крајот на годината беа на историски највисоко ниво од над милијарда евра. Постепено и сигурно се враќа функционирањето на институциите на системот, се води одлучна борба против криминалот и корупцијата, се апсат лица кои до сега беа недопирливи, законот важи еднакво за сите и пред надлежните органи одговара секој што се огрешил пред законот. Граѓаните ова го гледаат и го вреднуваат. Го ценат досегашното работење на Владата и ги поздравуваат преземените мерки и политики кои значат функционални институции, ефикасна борба против организиран криминал и корупција, подобри услови за сите во државата. Пред неколку дена беше спроведено истражување на јавното мислење кое го потврди огромното признание за досегашната работа на Владата и големата доверба на граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ и претседателот и премиер, Христијан Мицкоски. Анкетата потврди дека над 60 отсто од граѓаните сметаат дека борбата на властите против организираниот криминал и корупција е интензивна и постојана, две третини од испитаниците ја поддржуваат владината мерка за замрзнување на маржите на дел од производите, додека две третини од испитаниците сметаат дека надлежните институции ефикасно се справија со последиците од трагедијата во Кочани, велат тие.

Додаваат дека овие високи проценти се резултат на посветената работа и исполнување на очекувањата на граѓаните и на дадените ветувања, се вложуваат сите сили и се користат сите капацитети и ресурси, да се средат институциите на системот и Македонија да се стави на брза трка за економски раст и развој, кој ќе донесе просперитет за сите.

– Токму поради се ова, високи 51,7% од испитаниците на избори би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, додека на претседателот Мицкоски му веруваат 25,4 отсто, а доколку утре има избори на гласање би излегле високи 64,4% од граѓаните, односно две третини од испитаниците. Резултатите од ова истражување и големата доверба се потврда за досега сработеното, но исто така претставуваат и обврска ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски, попосветено и неуморно да продолжи со неуморната работа за подобар живот на сите во Македонија, велат од ВМРО.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ