Прес центарот на ВМРО-ДПМНЕ и денеска работи со полна пареа. Дури шест соопштенија ѝ се испорачаа на македонската јавност од почетокот на денот, на 26 август 2018. Како и секогаш, денот започнува и завршува со прашања поврзани со претстојниот референдум. За партија што сѐ уште не се изјаснила за тоа дали ќе го поддржи референдумот или не, ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од активна по ова прашање, секако, со митинзи и секојдневна анти-кампања.
Ги пренесуваме насловите од денешните соопштенија на ВМРО-ДПМНЕ, до 17 часот:
„Владата на СДСМ со еден потпис во Преспа се откажа од се што е македонско“, „Парите за референдумска кампања, СДСМ да ги пренамени во полза на граѓаните“, „Шилегов и директорот на ЈСП да објаснат како два тендери ги добиле фирми регистрирани на една адреса и зошто сега се плаќаат услугите двојно од порано“, „Царовска мора да си замине од ресорот кој го претвори во министерство за негрижа и за партиски вработувања“, „800 илјади кафиња ќе се пијат во влада, а нема пари за општествено корисни работи“, „СДСМ наместо да праќа смешни и бледи соопштенија, подобро ќе биде да се откаже од фрлање пари за промоција на капитулантскиот договор за промена на името“.
Важно да се пишува нешто…
М. Л.