ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја бомбардира јавноста со чести соопштенија за јавноста, обвинувајќи ја владата на СДСМ за злоупотреби и блокада на проектите што претходната влада ги започнала.
Во денешното соопштение, оваа партија го обвинува СДСМ за блокада на изградбата на клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“ во Скопје, кој, „ВМРО-ДПМНЕ требаше да го гради и за кој подготви проект и изнајде средства, чини 72 милиони евра. За овој проект беше потпишан и договор за изградба, но за жал поради неспособноста на владата на СДС тој сè уште не е почнат. СДС не само што блокира готови проекти, туку и безмилосно троши народни пари, а зад себе нема никаква реализација. Тие за три месеци од девизните резерви и од распишаните аукции на државни хартии расипнички потроши над 320 милиони евра, пари со кои можеше да се изградат речиси 5 други слични клинички комплекси низ 5 различни региони во Македонија и на тој начин да се издигне здравството на повисоко рамниште. Со тие пари граѓаните од цела Македонија ќе имаа подобра здравстена заштита, а медицинските работници подобри услови за работа.“