Во новите американски напади врз јеменските бунтовници Хути бројот на загинатите се искачил на 53, меѓу кои и пет деца.
Целите во областите Ал Џауф и Худајда биле погодени рано во понеделникот, според бунтовничката група, додека американската централна команда соопшти дека нејзините сили продолжиле со операциите.
САД во саботата започнаа, како што го нарекоа, „решителен и моќен“ бран воздушни напади врз цели на Хутите, како дел од напорите да ги запрат нападите на Хутите врз бродовите во Црвеното Море.
Вашингтон вели дека некои клучни фигури на Хутите се меѓу загинатите, но групата не го потврди тоа. Водачот на Хутите Абдул Малик ал-Хути рече дека неговите милитанти ќе ги таргетираат американските бродови во Црвеното Море се додека САД продолжат со нападите врз Јемен.
Д. Мишев