Бугарската полиција во соработка со Агенцијата за безбедност и обвинителството уапсила малолетник кој се спремал за терористички напад во Пловдив.
Станува збор за бугарски државјанин, кој, според изворите на бугарските медиуми е помлад од 18 години.
За момчето и неговото семејство во полициските досиеја досега не биле забележани никакви радикални активности.
Тој е уапсен во заедничка операција на министерството за внатрешни работи на Бугарија, Агенцијата за државна безбедност и обвинителството.
При претресот на неговата куќа биле откриени различни делови на несоставената бомба. Момчето во моментов соработува со психолози на бугарската полиција, кои се обидуваат да ги откријат неговите мотиви.
Извори од бугарското министерство за внатрешни работи наведуваат дека младите од непознати причини во последно време се сѐ поподложни на исламистичката радикализација.
А.М.