• Latest

Во Грција повлечен информативен спот по критиките за сексизам

May 10, 2020

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Во Грција повлечен информативен спот по критиките за сексизам

May 10, 2020 15:19
in РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

По негативните реакции и критиките за сексизам, како од јавноста преку социјалните мрежи, така и од поранешната секретарка за родова еднаквост, Секретаријатот за цивилна заштита на Грција, по помалку од 24 часа од објавувањето повлече информативен спот во рамките на кампањата „Остануваме безбедни, излегуваме победници“, јави дописничката на МИА од Атина.

Спотот се однесува на препораката да се избегнуваат собири, направен е во вид на монолог во кој протагонистот, познатиот грчки актер Христос Лулис раскажува телефонски разговор со неговата девојка/ пријателка, која од него бара наместо сами, да излезат на некој од плоштадите каде што има народ.

– Ми се јавува сабајле, рано сабајле. Ми вели: „Ќе излеземе вечер?“. „Секако“, ѝ велам. „Каде ќе одиме? Да прошетаме?“, ѝ велам. „Сами?“, ме прашува. „Зошто, ни треба друштво?“, ја прашувам.„Зошто да не одиме на плоштадот, ќе има и народ“, ми вели. „Можеби некако треба да внимаваме?“, ѝ велам. И со оној сладок глас со кој обично ми прави што сака, ми вели, „но сите ќе бидат таму“. „Но, токму тоа е проблемот“, ѝ велам, сите ќе бидат таму, што значи дека може и вирусот да е таму и ако и вирусот е таму тогаш сите останати треба да се на друго место“, е делот од информативниот спот што предизвика реакции.

Поранешната генерална секретарка за родова еднаквост, Фотини Кувела изјави дека станува збор за уште еден стереотипен информативен спот во кој мажот е претставен како мудар, а жената глупава и побара да реагира грчкиот Совет за радиодифузија.

Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас вчера попладне на неговиот официјален „Твитер“ профил го сподели спотот со коментар дека новата кампања „говори за опасноста со која се соочуваме ако не го одржуваме потребното растојание на јавни места“.

Претпладнево, пак, од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција соопштија дека спотот е повлечен, бидејќи нивната намера е да ја обединат, а не да ја поделат јавноста.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ