Во последните 24 часа во Италија од коронавирусот умреле нови 651 лице, со што бројот на жртвите се зголеми на 5.476, соопштија вечерва италијанските здравствени власти.
Во Италија од Ковид-19 се заболени 59.138 лица односно бројот на новозаболени нарасна за 10,4 отсто, што е најмал раст откако болеста „експлодира“ на 21 февруари, пренесоа британските медиуми.
Од вкупниот број на заразени од вирусот досега заздравеле 7.024 лица , а на интензивна нега се уште се наоѓаат 3.009 лица.
Најпогоден е регионот Ломпардија, каде се регистрирани 3.456 смртни случаи и 27.206 заразени лица