Украинската служба за безбедност во Кијив приведе „свештеник“ од Руската православна црква во Украина за кој се верува дека им пренесувал на напаѓачите совети за украинските одбранбени тактики и воени маневри, објави Духовниот фронт на Украина на Фејсбук, пренесува Укринформ.
Денес во Кијив, СБУ го приведе „свештеникот“ Онуфриј, кој има украински пасош и се вика Серхи Валериевич Тарасов, роден на 26 август 1969 година. Овој свештеник на РПЦ чувал дома оружје, експлозиви и симболи на Руската империја. Тарасов им пренесувал на окупаторските разузнавачки информации за движењето на украинската војска и тактиката што ја применуваат вооружените сили“, се вели во соопштението.
За возврат, неговите руски раководители го информирале за времето кога напаѓачите ќе го нападнат Кијив и за бројот на силите што ќе бидат вклучени во нападот.
За укажаната помош, свештеникот добивал пари од неговите руски нарачатели. Платата била во руски рубљи.
Подготвил Д.М.