Во Куманово пукано е во Зекирија Шахини, носителот на советничката листа на Нацинална алијанса за интеграции (НАИ) на Општина Липково.
Полицијата го потврди случајот за ЦИВИЛ, пришто истакнаа дека тој се возел со голф, а во него пукале две лица кои се движеле по улицата. Инцидентот се случил на раскрсница пред општина Куманово.
„Денеска (07.10.2025) во 13.54 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул. „Димитрије Туцовиќ“ со ул. „11 Октомври“ во Куманово, две лица лица во движење од огнено оружје пукале во патничко возило „фолксваген голф“, управувано од З.Ш. (43) од с.Слупчане, општина Липково, кој се здобил со повреди и е пренесен во болницата во Куманово за укажување помош. Полициски службеници излегоа на местото и се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.
Шахини е пренесен на Клиниките во Скопје и според првичните информации, е надвор од животна опасност. Полицијата ја обезбедила локацијата и ги побарува камерите со пристап до местото, додека мотивот и сторителите засега не се познати.
Од Нацинална алијанса за интеграции (НАИ) на Фејсбук кратко соопштија дека др. Зекирија Шаини е здрав и во добра состојба.
„НАИ нема куршуми за Албанец. Ова е разликата! На 19 октомври, имаме само плебисцитарен глас против загарите кои повикуваат на братоубиство и бараат албанска крв! Брзо оздравување, докторе“!, велат од партијата.
Ова е втор случај на насилство врз кандидат за советник. Претходно, кандидатот за советник Умут Скопко во Општина Виница беше брутално претепан (кој се уште е во кома во скопската болница), за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ.
Дехран Муратов во соработка со ТИМ НА ЦИВИЛ ЗА МОНИТОРИНГ НА ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (ЦХТМ)