Во градот Миколаев, пет лица загинаа, а 13 други беа ранети откако руско гранатирање погоди станица на јавен превоз, напиша на Телеграм Хана Замазеева, шефица на Регионалниот совет на Миколаев, пренесува Укринформ.
„Нападна постојка за јавен превоз. Досега 13 се повредени, а петмина загинаа. За се ќе одговараат. Тие се вистински терористи…“, напиша Замазеева.
Утрото на 29 јули, руските напаѓачи истрелаа касетна муниција на станицата за јавен превоз во Миколаев. Претходно беше соопштено за седум ранети и пет мртви.
Подготви: Д.Мишев