• Latest

Во Пентагон средба на министрите за одбрана на САД и Израел

March 26, 2024
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Во Пентагон средба на министрите за одбрана на САД и Израел

March 26, 2024 19:58
in ВЕСТИ, КОНФЛИКТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин денеска во Пентагон се сретна со својот израелски колега Јоав Галант во екот на тензиите во односите меѓу двете земји, поради несогласувањата околу најавената израелска копнена офанзива врз градот Рафа, на југот на Појасот Газа.

На почетокот на состанокот, Остин најави дискусии за алтернативни начини за борба против Хамас во Рафа и ги означи цивилните жртви во Газа „премногу високи“, а испораката на помош „премногу мала“.

Сепак, тој повтори дека Израел има право да се брани и дека САД секогаш ќе бидат тука да му помогнат.

Галант претходно најави дека на средбата со Остин ќе разговара како да се уништи Хамас и да се ослободат израелските заложници и како да се вратат раселените жители во нивните домови.

Остин не ги спомна заканите дека ќе ја ограничи или условува идната воена помош за Израел, а Галант рече дека ќе се разговара и за важната соработка меѓу двете земји за да се осигураат воените способности на Израел.

Состанокот, на кој присуствуваше генералот Чарлс К. Браун, претседател на Здружениот генералштаб на САД, доаѓа во време на широко распространето незадоволство поради ескалацијата на хуманитарната криза во Газа и политичко несогласување околу напорите за постигнување прекин на огнот, пренесува МИА.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно ја откажа посетата на израелска делегација на САД, откако официјален Вашингтон гласаше воздржано и не стави вето на Резолуцијата усвоена во Советот за безбедност на ОН со која се повикува на итен прекин на огнот во Газа

Tags: ИзраелЛојд ОстинПентагонСоединети американски држави
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ