Во последните 24 часа се направени 841 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 81, Тетово – 15, Куманово – 13, Прилеп – 8, Кавадарци – 7, Македонски Брод – 3, Штип – 2, Битола, Кочани, Кичево, Гевгелија, Неготино и Берово – по 1, информира Министерството за здравство
Регистрирани се 900 оздравени пациенти, а пријавени се 34 починати лица.
Скопје – 363, Битола – 62, Куманово – 54, Прилеп – 51, Велес – 46, Охрид – 44, Кавадарци – 40, Струга – 32, Кочани и Гостивар – по 23, Струмица – 22, Тетово – 16, Штип – 14, Кичево и Гевгелија – по 12, Пробиштип – 11, Берово –9, Неготино, Свети Николе и Крива Паланка – по 7, Ресен, Радовиш и Богданци – по 6, Делчево – 5, Македонски Брод, Виница, Кратово и Македонска Каменица – по 4, Валандово – 3, Пехчево – 2 и Крушево– 1.
Досега во земјата се направени вкупно 692.096 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 147.229, бројката на оздравени пациенти е 123.710, на починати е 4.478, а бројот на активни случаи изнесува 19.041.












