• Latest

Во потрага по нормален живот: личната приказна на Македонка мигрантка

May 8, 2018

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Во потрага по нормален живот: личната приказна на Македонка мигрантка

May 8, 2018 11:50
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Се викам Анастасија. Имам 26 години и сум од Скопје, Македонија. Откако дипломирав, бев практикантка 7 месеци во Скопје. Меѓутоа, подоцна  немав можност за вработување. Се обидував да најдам работа неколку месеци, но безуспешно.

Тогаш дознав за ЕВС програмата (Европска волонтерска служба). Ова е програма која обезбедува мноштво волонтерски можности за младите да станат активни и да го подобрат нивното општество и вештини преку волонтирање во друга земја. Прочитав многу волонтерски приказни од млади кои волонтирале преку оваа програма и се стекнале со многу вредно искуство, па бев инспирирана да се пријавам. Ме примија во едногодишен проект во организација во Франција. Моите задачи се состоеја од давање помош на деца и младинци кои имаат висока стапка на испишување од училиште, па претежно им помагав со пишување на домашната работа, училишни активности итн.

Оваа волонтерска можност беше одличен начин да се придонесе кон општеството, но исто така, и возбудлива можност за да одам некаде и да сретнам луѓе од други култури, како и да научам француски. Поради тоа што повеќето волонтери доаѓаа од разни земји, имав можност да се запознам и спријателам со млади од Ерменија, Кипар, Германија итн. На овој начин научив дека има многу заеднични работи помеѓу луѓето од Македонија и луѓето од другите земји, најинтересно можеби беше кога дознав дека сармата е често јадење во Ерменија исто така! Покрај овие млади мигранти, сретнав и многу мигранти од Африка. Интересно беше да се научат нивните културни практики, како прекрасниот танц кизомба.

Во споредба со Скопје, заедницата каде бев сместена беше малечка, па искусив вистински живот во заедница, дури и се вклучив во организирање локални прослави со локалното население за да се зајакне животот во заедницата. Отпрвин не беше лесно сепак да се снајдеш во потполно ново општество, но поради тоа што го научив јазикот прилично брзо, добро се интегрирав и бев добро прифатена од локалното население.

Невладината организацја во која волонтирав дури и ми понуди работа откако завршив мојот волонтерски ангажман, да продолжам да го правам истото и да им помагам на младите. Но добивањето на работните документи (работна виза и слично) беше многу тежок процес. Иако се беше во согласност со официјалните процедури, морав да чекам 7 месеци да ги добијам потребните документи. Постојано живеев во страв, бидејќи немав документи – на овој начин искусив нешто слично на она коешто бегалците и мигрантите го искусуваат кога тие се “недокументирани”. На крај, ја добив работната дозвола и бев пресреќна.

Кога заврши проектот, се вратив во Македонија, но реинтеграцијата првично не беше толку лесна. Имајќи стекнато искуство во невладиниот сектор во странство, знаев дека сакам да продолжам да работам во невладиниот сектор и во Македонија. По 3 месеци, почнав да работам во локална младинска организација и искрено, среќна сум што си најдов работа која ме исполнува во Македонија, исто така.

Многу бегалци и мигранти транзитираа низ Македонија во изминатите години, бегајќи од војни, конфликти и во потрага по нормален живот. Мислам дека сите луѓе кои ги напуштаат своите земји го прават ова бидејќи бараат безбеден живот, живот кој ќе ги исполнува, достоинствен живот. Македонците не се исклучок. Луѓето кои мигрираат од една земја-членка во ЕУ во друга земја-членка во ЕУ исто така не се исклучок, на пример, Шпанци кои мигрираат во Шведска – и тие се мигранти. Мислам дека Македонците покажаа солидарност со бегалците кои поминуваа низ Македонија и мислам дека можеме да направиме уште повеќе.

Во Македонија имавме многу случаи кога Македонците биле “откорнати” од своите домови, при земјотресот во Скопје, при неодамнешните поплави во Скопје и секако, многуте случаи при коишто особено млади Македонци ги напуштаат своите домови во потрага по безбедна работа… Можеме и секако треба да најдеме емпатија во нас да се идентификуваме со тешкото искуство низ кое поминуваат бегалците и мигрантите.


Приказните се собирани од активисти на Легис и се поддржани од GIZ во име на BMZ.

Ставовите изразени во оваа колумна не нужно се совпаѓаат со ставовите на Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammmenarbeit (GIZ) GMBH.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: волонтерствоЛегисмигранти
Share43Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украина ги прекинува дипломатските односи со Никарагва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ