Државната изборна комисија носеше одлуки по поднесени приговори на 25 април кога 7 од вкупно 14 приговори на Гордана Силјановска Давкова беа прифатени. Меѓу прифатените приговори е и Избирачкото место број 0816 во родното место на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Зајас, кичевско. Според изборниот штаб на Силјановска-Давкова, односно ВМРО-ДПМНЕ, во период од 15 до 17 часот гласале 297 гласачи или, како што наведуваат во проговорот, во просек, секој од гласачите имал 24 секунди за гласање.
ДИК тврди дека, според процедурата на гласање, невозможно е физички да се оствари процесот на гласање за толку кратко време. По пребројувањето на гласовите, ДИК утврди и дека се употребени 416 гласачки ливчиња, а во изводот од Избирачкиот список се потпишани 412 гласачи. Затоа, ДИК донесе одлука да се поништи гласањето во ова гласачко место, а целиот Избирачки одбор го разреши од должноста.
Во ова гласачко место нема да се прегласува, затоа што не влијае на крајниот резултат од првиот круг на претседателските избори.
Б. Јордановска