• Latest

Во Шуто Оризари отворена народна кујна за лица во социјален ризик

March 2, 2021

24 ЧАСА: ОН алармираат за зачестени напади врз новинари и говор на омраза во Северна Македонија; Власта бара поддршка за ребалансот на Буџетот, за Битиќи е знак дека владата ја изгубила фискалната контрола; Русија продолжува со егзекуции на заробеници

July 2, 2025
Наградно прашање: пронајди го Таче. Фото: Фејсбук страната на Димитар Ковачевски

Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

July 2, 2025

Јанкуловски побара поддршка од пратениците за ребалансот на Буџетот, за Битиќи Владата скицира нереална економска слика

July 2, 2025

ВЛЕН со кривична пријава против раководството на ДЗС одговорно за пописот во 2021

July 2, 2025
Легенда:
Александар Вучиќ, Сергеј Лавров (фото извор: фотографии од Wikipedia)

Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

July 2, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Вечерва ќе си каснам малку од идентитетот, ако останало

July 2, 2025
Фото: СДСМ

СДСМ за изјавата на Кос: Очекувавме еврокомесарката да истакне дека македонскиот јазик и идентитет се јасно потврдени во сите веќе потпишани договори со ЕУ

July 2, 2025
Бесар Дурмиши, министер за економија
фото/ Фб профил

Дурмиши најави ригорозни мерки ако има девијантно однесување од трговците

July 2, 2025
Министерство за надворешни работи на Украина

Украинското МНР предупреди дека одложувањето на воената поддршка на САД само ќе ја охрабри Русија да продолжи со теророт

July 2, 2025
Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Со полициска придружба од Кочани се транспортира предметот „Пулс“ до Основниот Кривичен суд Скопје

July 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Во Шуто Оризари отворена народна кујна за лица во социјален ризик

March 2, 2021 13:25
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Шуто Оризари денеска е отворена народна кујна која ќе обезбедува храна и оброци за 320 до 380 граѓани во социјален ризик од Општината. Според премиерот Зоран Заев, ова треба да е инспиративен пример, за сите до донираат и помагаат на најсиромашните и најранливите.

Оброците за народната кујна ќе се подготвуваат во детската градинка „8 Април“, која е во втората фаза на целосната обнова.

Премиерот денеска ја посети оваа градинка, и ја истакна улогата на волонтерите во народната кујна, но и на готвачите и оние што ја разнесуваат приготвената храна на своите сограѓани кои не се во состојба да дојдат во народната кујна.

Тој им честита на сите општествено одговорни компании и фондации кои учествуваат со свои донации со цел народната кујна секојдневно да ја исполнува својата хумана мисија. Тие како што рече Зева, се инспиративен пример да се вклучат што поголем број на компании, бизнисмени, политичари и општественици со свој придонес во вакви општествено одговорни проекти.

– Сакам да ја издвојам општинската народна кујна како иницијатива на Општина Шуто Оризари која постави една благородна цел, секојдневно да им помага со топол оброк на 320 до 380 сограѓани, лица во социјален ризик. Ја користам приликата да испратам апел до сите хумани луѓе кој колку може да донираат за да помагаме на најсиромашните, на најранливите, рече премиерот.

Според Заев, општинската народна кујна е пример на кој може да се угледаат и други општини каде што живее население во социјален ризик.

фото: МИА

Тој исто така информира дека целосната обнова на градинката и на Центарот за деца од улици кои беа опожарени во 2017 година, е во втората фаза откако од првата фаза беше завршен еден дел од градинките кој веќе функционира со капацитет, а згрижи 150 дечиња.

Заедно со новиот дел кој е во изградба, Заев рече дека ќе бидат опфатени вкупно 306 деца во сите групи од предучилишното згрижување.

– Министерството за труд и социјална политика учествува во опремување на градинката во вредност од 6,5 милиони денари додека градежните активности се реализираат со 1,5 милиони долар од Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград, преку УНДП. Децата од Шуто Оризари имаат можност да престојуваат во модерна и енергетски ефикасна градинка со обезбедени услови според највисоките стандарди за предучилишно образование, рече Заев.

Како што додаде тој, освен највисоките стандарди за енергетска ефикасност, градбата ги вклучува и стандардите за пристапност и инклузивна опрема за игралишта обезбедувајќи им на децата со попреченост да уживаат еднаков пристап со своите врсници.

Заев посочи дека за децата во градинката се грижат 17 вработени, кои на децата од Шуто Оризари им обезбедуваат еднакви можности за високо квалитетно згрижување и воспитување во раното детство обезбедувајќи им соодветни простории за учење, рекреација, грижа и хигиена.

Премиерот информира дека во мај оваа година е планирано да биде завршена и изградбата на Центарот за деца од улица, кој ќе има капацитет да згрижува 100 деца од улица на возраст од 5 до 13 години, со целодневен престој под грижа на осум стручни работници.

– Сите овие активности ги потврдуваат нашите заложби постојано да ги подобруваме условите за живот на ромската заедница. Креираме можност за правичен пристап до сите социјални погодности, стекнување услови за подобар животен стандард и надминување на социјалното исклучување. Борбата за справување со социјалните ризици е заедничка и заедно ќе ја водиме се додека не обезбедиме заеднички живот за сите, изјави Заев.

Министерка за труд и социјална политика Јагода Шахпаска која го придружуваше премиерот Заев, истакна дека Министерството високо на својата агенда ја има грижата за најранливите категории на граѓани.

фото: МИА

– Општина Шуто Оризари има отворено кујна која што обезбедува храна и оброци за оние граѓани од општината кои не можат тоа да си го дозволат. Ова е еден хуман и благороден гест кој што значи подигање на општата свест а да се грижиме за тие што се немоќни и за тие на кои им е потребна помош, рече министерката.

Таа информира дека Министерството во 50 општини има отворено 50 народни кујни, а храната се дели на 61 пункт.

Исто така сподели дека 3.143 оброци на дневно ниво се распределуваат на најранливите категории на граѓани низ целата држава

Оваа година, како што информираше министерката, дополнително зголемен е обемот на финансиски средства за народните кујни во Скопје кои ќе споделуваат околу илјада оброци на дневно ниво.

– Од тука како Министерство за труд и социјална политика силно ја поддржуваме иницијативата на Општина Шуто Оризари и препорачуваме и останатите општини да го следат овој позитивен пример. Истовремено, покрај грижа за најранливите, како Министерство секако дека високо на агендата е и грижа за најмладите, рече Шахпаска.

Таа додаде дека целта е да се догради и вториот објект во оваа градинка, кој што збирно би опфаќал 306 деца од кои што 70 деца ќе бидат во детски јасли. Ова, како што рече, значи овозможување на мајките да се вклучат на пазарот на трудот.

– Кога секоја жена знае дека детето е сместено во вака квалитетни услови согласно светски и меѓународни стандарди, тогаш може спокојно да се врати и да ги извршува своите работни задачи. Исто така, е и дневниот центар за деца од улица кој треба да опфаќа 100 деца кои се во најголем ризик и со кој што ќе работат високо профилирани, стручни и компетентни кадри во кои Министерството сериозно инвестира, рече Шахпаска.

Министерката рече оти посакува да се подигне општествената свест и да помагаме со свои примери како треба да се поддржуваат вакви проекти.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ