Categories

ЕКСТРАДИЦИЈА Во Србија испорачани 230 криминалци

Од 1 јануари минатата година, досега Србија поднела 260 барања до други земји за екстрадиција на осомничени за разни кривични дела, покажуваат податоците од Министерството за правда.

Како што објавија Новости, околу 230 луѓе биле екстрадирани во истиот период во Србија. Меѓу нив не се само српските граѓани, туку има и странци кои извршиле кривично дело на српска територија.

Меѓу оние за чија екстрадиција се чека неколку години е Добросав Гавриќ, осуден на 35 години затвор за убиството на Жељко Ражњатовиќ Аркан, кој беше уапсен во Јужна Африка во 2011 година поради поседување наркотици.

Некои од криминалците чија екстрадиција бара Србија се Владимир Милисављевиќ, член на „Земунски клан”, Лука Бојовиќ, Синиша Петриќ, кој беше осуден на неколку години затвор за серија убиства.

Во првите шест месеци од оваа година, има 16 молби за екстрадиција на странски државјани, осомничени дека сторители кривичните дела во земјите што ги бараат и за кои, поради тоа, биле испратени потерници во Интерпол.

Минатата година во белградски судови пристигнале 44 барања за екстрадиција.

Листата на земји кои бараат екстрадиција на осомничени од Србија се: Австрија, Австралија, Хрватска, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија, Унгарија, Италија, Романија, Швајцарија, Словенија, Турција, Грција, Германија, Русија и Узбекистан. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email