• Latest

Во „Таргет-Тврдина“ хронолошки изнесени податоците за откривање и вадење на „бомбите“ од УБК

February 16, 2021
Одбележување на Денот на независноста на Украина во Скопје. Фото: Цивил Медиа

Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

August 24, 2025

Албанскиот блок 2025: Заштита на правата на Албанците – мобилизација околу симболични и институционални прашања

August 24, 2025

Локалната политика под лупа и големите изборни приказни

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Напад со дрон предизвика пожар во руската нуклеарна централа во Курскиот регион

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Гувернерот на Илиноис: Планот на Трамп да испрати војници во Чикаго е злоупотреба на моќта

August 24, 2025
Беџ од ДИК, пластифициран, без име, Локални избори 2021

Во тек акредитација на набљудувачи на локалните избори на 19 октомври

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на NTV

Првата дама на Турција апелира до Меланија Трамп да се заложи за децата од Газа

August 24, 2025
Фото: ASTRA/Телеграм

Инциденти со дронови пријавени во Москва и Санкт Петербург, десетици летови откажани

August 24, 2025
Ден на независноста на Украина, претседателот Володимир Зеленски на Плоштадот на независноста, Кијив, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео)

Зеленски на Денот на независноста: Градиме силна и моќна Украина за мир и безбедност

August 24, 2025
Одбележување на Денот на независноста на Украина низ светот (фото извор: Украински светски конгрес)

Украина и светот го одбележуваат 34-от Ден на независноста

August 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Во „Таргет-Тврдина“ хронолошки изнесени податоците за откривање и вадење на „бомбите“ од УБК

February 16, 2021 14:03
in ВЕСТИ, ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Обвинителката Ленче Ристоска на денешното рочиште за предметот „Таргет-Тврдина“ во завршниот збор детално раскажува како се ваделе „бомбите“ (прислушуваните материјали) од УБК.

Нејзиниот излагање го почна со потсетување дека земјата веќе има две афери со прислушување, во 1992 и во 2000 година, за кои никој не одговарал. Хронолошки, потоа стигна до 2008 година, кога и почнуваат дејствијата во предметот.

Таа почнува од сведокот Ѓорѓи Лазаревски, кој  се приклучувал со кабел кон системот,ги земал материјалите и ги обработувал. Ристоска продолжи со начинот на кој се открило масовното незаконско прислушување во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, односно тајното влегување на Сашо Трајковски во „најс трак” системот, откривајќи псевдоними кои го носат до актуелни министри, опозиционери,новинари и граѓани.

Лазаревски успеал тајно да вклучи софтверско решение со кое ги симнува сите прислушувани разговори во аудиофајлови. Со телефонски броеви, со табели и со должина на разговорите. Лазаревски се поврзал со Ѕвонко Костовски и со Зоран Верушевски, на кои им рекол дека се тоа мора да се зачува.

Тројцата ги ваделе податоците за коишто сметале дека се поважни, и тајно ги изнесувале од УБК како докази. Ѕвонко Костовски забележува дека обвинетиот, тогашен директор на УБК Сашо Мијалков никогаш не бил таргет.

Костовски кажал дека само 5 отсто од тоа што се снимало деноноќно преку системот за прислушување „веринт” било експортирано. Успеале да извлечат стотици разговори на прислушувани граѓани, политичари, цела тогашна опозиција од СДСМ, невладини организации, новинари и универзитетски професори.

По избивање на аферата со „бомбите“ од УБК, Лазаревски и Верушевски завршуваат во притвор, Костовски под лична закана од Мијалков е притиснат да признае доказ за лична поврзаност со странските служби за незаконско прислушување, без ниту еден доказ. Лазаревски останува во притвор, кажувајќи дека податоците му се од УБК, а не од странски служби.

Истовремено, обвинетиот поранешен началник на Петтата управа Горан Грујевски, ги пакува и ги носи на уништување со потпис на обвинетата Гордана Јанкулоска, три тони или пет плакари опрема, со која се вршело незаконското прислушување.

Корисничките имиња со кои можеле директно да слушаат разговори биле „директор” за Сашо Мијалков, „Г.Г.” за Горан Грујевски, и „Н.Н.“ за обвинетата началничка Надица Николиќ.

Ристоска во детали кажа дека кај телефонските оператори кои биле поврзани со УБК, ги нашле незаконски следените разговори преку „веринт”, кој е постариот систем за следење на комуникации.

Обвинителот Трајче Пеливанов продолжува со објаснување на поновиот систем на „најс трак”, каде на многу детален начин опишува како се вршело маркирање, слушање и преглед на лог фајловите. По налог на Грујевски, биле формирани привилегии во 6-7 категории каде некои можеле само да маркираат, други само да прислушуваат, трети да репродуцираат и да читаат.

Податоците се ресетирале лично од Грујевски еднаш годишно како не би оставиле траг, истовремено да не се знае од тие што незаконски прислушувале точно кој што правел.

Обвинетиот Владимир Варелов кој имал канцеларија до Грујевски, имал компјутер директно вклучен во „најс трак” системот, каде кориснички имиња имале и Грујевски и Мијалков. Тие на  компјутери „де лукс“, а потоа и на „сименс“, тие се логирале и директно прислушувале телефонски разговори.

Во групата корисници „важно”, биле Мијалков, Грујевски и Николиќ.

Сведоците Сашо Трајковски и Марјан Николовски во текот на судењето потврдија дека тројцата се вклучувале од своите канцеларии и слушале, изјави Пеливанов.

Прислушувањето во двата системи на „најс трак“, постариот и поновиот, се вршело без судски налог во 4 гранки на прислушување, каде во четвртата виле само Грујевски и Мијалков.

Пеливанов во завршниот збор посочи дека по наредба на Мијалков, Костовски ги извадил сите комуникации и разговори на тогашниот лидер на опозицијата, Зоран Заев.

Во предметот „Таргет-Тврдина“ обвинети се вкупно 12 лица. Меѓу нив се поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и уште 10 други лица вработени во тајната полиција.

Двајца се недостапни за судот. Горан Грујевски и Никола Бошкоски одамна се во Грција, која одби да ги екстрадира во Македонија.

Сашо Мијалков и Горан Грујевски се во „срцето“ на тезата на обвинителството како инспиратори и реализатори на незаконското прислушување.

Давајќи го својот исказ во текот на минатиот месец поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, отфрли каква било вмешаност во аферата со прислушувањето и уништувањето на опремата за следење на комуникациите. Тој ја држеше тезата дека во земјата имало и други системи за прислушување, освен тие на УБК, и раскажуваше дека во 2014 година израелска компанија презентирала опрема во неговата канцеларија, па, кога ја вклучила, детектирала дека има уште три други системи.

Во своја одбрана Мијалков  тврдеше дека никогаш немал ниту техничка можност ниту привилегија да може да даде или да издаде наредба за следење комуникација во системот за следење во УБК. Тој потенцираше дека со највисок степен на одговорност потврдува дека недвосмислено и категорично, никогаш никому на никаков начин ниту писмено ниту усно не дал наредба да се изврши какво било дејствие во насока на следење на каква било комуникација, тврдејќи дека речиси и да не го користел својот компјутер во канцеларијата, а не пак да следи нечија комуникација.

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, е обвинета во овој предмет за уништувањето на опремата со која, според обвинителството, незаконски се прислушувало. Попрецизно, таа е дел од случајот „Тврдина“, кој потоа беше споен со предметот „Таргет“, за прислушувањето. Во сведочење пред судот, во јануари, таа рече дека не знаела што потпишува кога во УБК била формирана комисијата што ја уништи опремата за прислушувањето.

Одговарајќи на прашањето како дознала дека во УБК била уништувана и отпишана од евиденција опремата за следење комуникации, таа рече дека до такви сознанија дошла кога СЈО го отворил предметот ‘Тврдина’ кој се однесува на уништувањето на опремата.

Јанкулоска во предметот „Таргет-Тврдина“ рече дека не знаела дека потпишува уништување на опремата за прислушување, образложувајќи дека решението било проследено на потпис кај нејзе како сосема рутинска работа, без никакви забелешки.

Мијалков не давал наредби за прислушување, Јанкуловска не знаела што потпишува

И.К.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ