Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, денеска на судењето за случајот „Таргет и Тврдина“, во делот за нелегалното масовно прислушување, демантираше дека давал наредби за прислушување. Мијалков изјави дека за ваквото тврдење на обвинителството не бил приложен ниту еден доказ.
Тој се држеше до тезата дека нелегалното прислушување не се вршело во УБК, потенцирајќи дека многу лесно можело да се прислушува надвор од системите на Управата. Мијалков, се повика на презентација од израелска компанија, која тврдела дека е можно следење на комуникации на мобилната телефонија надвор од Управата, преку телефонските оператори.
На прашање на неговиот бранител Љупчо Шврговски, кој му посочи дека според обвинението, во 2008 формирал злосторничко здружение со намера да ја злоупотреби службената положба и овластувањата, тој кажа:
-Тоа е апсолутно неточно. Јас наводно сум формирал да се создаде ваква група, но јас Надица Николиќ како еден од создавачите на групата, не ја познавам. Ја запознав кога се случи аферата со прислушувањето. На другиот создавач Горан Грујовски никогаш не сум му дал таква наредба за формирање група за таква цел. И останатите наводни создавачи на групата не ги знаев. Тука во судница ги запознав. Кога некој би формирал ваква група, не би формирал веројатно со волку членови, башка и непознати за наводниот организатор. Она што очекував беше во оваа постапка да чујам и видам барем еден материјален или вербален доказ за да се поткрепи обвинението, рече Мијалков.
И поранешната Министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска не знаела што потпишува кога во УБК била формирана комисијата што ја уништи опремата за прислушувањето. Таа ова го рече денеска пред судот на сведочењето за случајот Таргет-Тврдина. Јанкуловска е обвинета во овој предмет токму во делот за уништувањето на опремата, односно во делот од случајот „Тврдина“, кој потоа беше споен со предметот „Таргет“ за прислушувањето.
На претходното судско рочиште минатата недела, Јанкуловска изјави дека не знаела за упадот во Собранието на 27 април, бидејќи во тоа време јадела и пиела со Миле Јанакиевски, поранешниот министер за Транспорт и врски, доби една година условна казна затвор ако четири години по правосилноста на пресудата не стори кривично дело за предметот „Насилство во Центар“.
Јанкуловска на 27 април јадела и пиела со Јанакиевски, не знаела за упадот во Собранието